Author Archives: Весник Илинден

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Стерјовски освари средба со амбасадорот на Романија во Албанија, Шербан

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски освари средба со амбасадорот на Република Романија во Република Албанија, Октавиан Шербан. На средбата се разговараше за положбата на македонското национлно малциство и другите малцинства во Република Албанија и предизвиците со кои се соочуваат малциствата.

Read More »

Државниот Архив во соработка со „Британската библиотека“ почна дигитализација на заоставштината на Браќата Манаки

Државниот архив, во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права остро го осудува францускиот предлог и бугарските барања

Со секојдневни масовни протести, македонскиот народ испорача громогласно НЕ на бугарските барања, кои беа поддржани од ЕУ и спонзорирани од Франција. Барањето е целосно да се откажеме од македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Таканаречениот „француски предлог“ сепак беше изгласан, како шанса за почнување преговори за можно членство во ЕУ*. Бугарските барања го содржат следното: да се откажеме од постоењето ...

Read More »

Веб странцата e-albania.al привремено затворенa по кибер напад

Веб странците e-albania.al привремено затворенa по кибер напад извршен надвор од земјата, Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“. Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и ...

Read More »

Историско сослужение во Солун на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј

Историско сослужение се случи во Солун вчера во црквата посветена на мајка Богородица, од страна на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј. Токму таа, пречистата, брзопослушна Мајка наша, Богородица, ни приготви обилна гозба на духовно веселие и спокој, во својот сечесен храм Панагуда, во осветениот од Божји угодници град Солун. Со своето нежно и моќно молитвено застапништво, Таа, ...

Read More »

Шолц: Унијата ја губи почитта поради себичните интереси на некои членки

ЕУ повеќе не може да си дозволи поединечни членки да „инвестираат национално вето“ од себични причини кога одлучуваат за својата надворешна и безбедносна политика, доколку сака да ја задржи водечката улога во глобалната политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Поради „војната на Москва во Украина“, Европа мора да се обедини што е можно поскоро, а тоа го зголемува притисокот да ...

Read More »

Собранието на Македонија ги усвои заклучоците за францускиот предлог

Собранието на Македонија ги усвои заклучоците со кои се задолжува Владата да го продолжи процесот со Европската Унија (ЕУ) и да ја усвои преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА). На 81. Седница на Собранието на Македонија се расправаше по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката ...

Read More »

СПАК истражува 20 лица, осомничени дека се членови на иранска терористичка организација

Под истрага на албанското специјално јавно обвинителство, СПАК, се 20 лица кои моментално живеат во оваа земја, бидејќи се осомничени дека се дел од терористичка ќелија. „Станува збор за поранешни членови на иранската муџахединска организација, кои се отцепиле од оваа организација и кои сега се осомничени дека вршеле забранета активност на територијата на Албанија во име на терористичката организација на ...

Read More »

Прекрасната Мала Преспа ве пречекува на 23 јули на незаборавна вечер во звуците на албанските и македонските играорци

Прекрасната Мала Преспа ве пречекува на 23 јули кај Ресторант Кичо Аго во 19:00 часот на незаборавна вечер во друштво на прекрасните звуци и изведби на албански и македонски играорци. Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед. Не го пропуштајте!  

Read More »

Орбан: ЕУ сама си пукаше во гради со непромислени санкции против Русија

Унгарскиот премиер наведува дека, иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија бидејќи санкциите и нанесоа голема штета на европската економија, притоа не ја ослабнаа Русија ниту пак повеќемесечната војна не ја доближуваат до решение. Европската унија си пукаше во гради со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку ...

Read More »