Со свеченото отворање кое се одржа синоќа во хотел Double Tree by Hilton во Скопје започна Тринаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Морално лидерство“, која се одржува во периодот 16-30 септември 2022 година.Овогодинешната 13-та Школа за млади лидери ја отвори и модерираше проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор и експерт за јавни политики и стратешка комуникација, која ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Во Тирана потпишан Меморандум за соработка меѓу Советот на Амбасадори во Македонија и на Албанија
Делегација на Совет на Амбасадори во состав Нано Ружин претседател, Мухамед Халили и Азис Положани, членови на Извршен Одбор, вчера во Тирана беше примена од претседателот на Советот на албанските амбасадори Бесник Мустафај и раководниот борд на Советот. На средбата била дискутирана и усвоена рамката на идната соработка меѓу двата совета, како и воспоставување на соработката со други слични невладини ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со претседателот на албанската Алијанса за етички медиуми
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник на македонски јазик, се сретна со претседателот Алијансата за етички медиуми (АЕМ) Колорето Цукали и Марк Марку член на Одборот за етика. Ѓурѓај му се заблагодарил на Цукали за приемот на македонскиот весник “Илинден“ како дел од платформата на Алијансата каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во ...
Read More »Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча
Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за култура Стојчевска и ректорот Бело. Ваквата најава следи во турбулентен период кога Македонците во Албанија се жалат дека Бугарија прави притисок – македонското малцинство да го запише како бугарско. Стојчевска вели дека грижата за идентитетските особености, со акцент на јазикот и ...
Read More »Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча
Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски. Целта на работната посета беше финализирање на подготовките за вклучување на македонскиот јазик во ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Министер советник, Љуфтим Спахиу во Амбасада на Македонија во Тиранa
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Министер ...
Read More »Во општина Пустец само 7 првачиња
Новата учебна 2022/2023 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија. На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици. Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Посебни честитки до ...
Read More »Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај
Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи. Двајцата претседатели разменија мислења за ...
Read More »Свечено отворени просторите на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград
Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград, денес одржа прв состанок во новите простории. Македонците го одбележаа првото собирање во чест на Денот на геноцидот врз Македонскиот народ во Бугарија! Амин Боже, здравје и живот и борба за македонските права и слободи во Бугарија!
Read More »Бегај по сајбер нападите кон Албанија: Националната безбедност врвен приоритет
Албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди кибернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија. „Неодамнешните кибернапади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden