Author Archives: Весник Илинден

Се самоуби Кастриот Муфтарај, еден од најпознатите албански аналитичари и публицисти

Еден од најпознатите албански, аналитичари, публицисти и новинар Кастриот Муфтарај, си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат од објектот каде што живеел, пишува албанскиот портал albaniandailynews. Полицијата потврди дека немилиот настан се случил во 12:55 часот во населбата „Али Деми“ во Тирана и додава дека во тек е увид. Од 28 септември 2017 година, ја водеше емисијата „Зборува Москва“, последната ...

Read More »

Британскиот премиер Џонсон даде оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е јасна „желбата“ на неговата Конзервативна партија да има нов лидер и ја објави својата оставка, објави АП. Џонсон рече дека ќе остане како британски премиер се додека не се избере неговиот наследник. Критичарите велат дека не треба да му се дозволи да остане привремен премиер и треба да биде сменет од функцијата што ...

Read More »

Голем антивладин протест во Тирана

Вечерва, пред Владата во Тирана, се одржа масовен антивладин протест под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“, организиран од Сали Бериша. На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на ...

Read More »

Во Албанија почна да се аплицира и четврта доза од вакцината против Ковид-19

Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, потврди дека има тренд на раст на нови случаи на заразени и ги информираше граѓаните дека може да примат и четврта доза од вакцината. Директорката на Институтот за јавно здравје и член на комитетот, Еугена Томини, по седницата, рече дека во последните две недели има зголемување на позитивни случаи ...

Read More »

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески во официјална посета на архив на Албанија 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и неговиот заменик, проф. д-р Музафер Бислими во Тирана остварија официјална средба со директорот на Генералната дирекција на архивите на Албанија, проф. д-р Ардит Бидо. Во разговорот, меѓу другото, беа договорени нови заеднички истражувачки проекти, како и вклучување на албанските Архиви во нашите активности поврзани со изложбите: ,,Стари балкански фотографии” и ,,25 години ...

Read More »

Претседателот на Заедницата на Црногорците во Албанија, Цулафиќ освари средбата со Префектот на  Елбасан, Мајлинда Периу

На 01.07.2022 Претседателот на Заедницата на Црногорците во Албанија, Маринко Цулафиќ освари средбата со Префектот на  Елбасан, Мајлинда Периу. Префектот го запознав со тековната програма на здружението Заедницата на Црногорците во Албанија и можноста за идна соработка во рамките на оваа програма. Разговаравме и за голем број проблеми поврзани со црногорското малциство и другите малцинства кои живеат во градот Елбасан. Две од главните ...

Read More »

ММДЧП го осудува бугарското вознемирување на активистите на македонското малцинство овозможено од ЕУ

Политичката партија на Македонците ОМО “Илинден”-Пирин објави соопштение (подолу) во врска со драматичниот пораст на закани и малтретирање со кои се соочуваат од страна на бугарските власти и цивили. По шокантната одлука на Европската Унија да ја поддржи кампањата на Грција за промена на името на Република Македонија и бришење на етничкиот идентитет и историјата на Македонците (ова се клучните ...

Read More »

Отворен Балкан: Србија и Албанија заедно со Македонија ќе имаат заедничка дигитална туристичка платформа

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, по средбата во Белград со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Фурџи, изјави дека двете земји заедно со Македонија како дел од иницијативата Отворен Балкан ќе создадат заедничка дигитална платформа на туристичка понуда на овие земји. Министрите за туризам на Србија и Албанија најавија и создавање заеднички ...

Read More »

Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја

Светиот архијерејски синод  на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија  очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало за актуелната состојба во македонското општество, ја информира јавноста, ...

Read More »