Author Archives: Весник Илинден

Македонците застапени и во Советодавниот Oдбор во Берлин

На 31 мај 2022 година, беше конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2021-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин. Покрај претседателката, градоначалничката на берлинскиoт округ Фридрихсхајн-Кројцберг, Клара Херман (Партијата на зелените), во Управниот одбор беа избрани: Горан Николоски ...

Read More »

Македонскиот борач Нуров освои злато на Медитаранските игри во Алжир

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со резултат од 4:3. Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот ...

Read More »

Објавен Конкурсот за учество на 13. школа за млади лидери на поранешниот, Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 13-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, која оваа година ќе биде на тема: „Морално лидерство“. Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге ...

Read More »

Mакедонската министерка за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска на посета кај Националниот младински конгрес на Албанија

Наградата за Тирана како европска младинска престолнина за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија. Тие по средбата со македонската министерка за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска која учествува на министерскиот состанок ...

Read More »

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија, организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади. Министрите од Западен Балкан ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство. Потребни се уште повеќе вмрежувања и заеднички проекти. ...

Read More »

Мета обвини дека депопулацијата на земјата е намерна антинационална агенда и повика на обединување

Албанскиот претседател во заминување, Илир Мета, преку објава на Фејсбук, реагираше на истражувачката сторија, објавена од Гласот на Америка, каде се наведува дека во изминатите шест 6 години Албанија ја напуштиле 220.000 граѓани. Според Мета, анализата која ја потврдува појавата на депопулација, но и намалувањето на работната сила, е уште една потврда дека постои намерна агенда која има тенденција да ...

Read More »

Ракометната репрезентација на Македонија убедливо над Грција во Алжир (39-21)

Ракометната репрезентација на Македонија на одличен начин ги отвори Медитеранските игри „Црвено-жолтите“ убедливо славеа над Грција на премиерата во Алжир (39-21) и одлично го најавија следниот натпревар против домаќинот кој е закажан на 28 јули (вторник) во градот Оран. Селекторот Кирил Лазаров на овој собир замина со играчи од домашното првенство, со цел да се добие искуство и воиграност за следните натпревари. Нашиот национален тим тргна ...

Read More »

Рама: Сите на Балканот мислат дека се најстар народ, не е само ЕУ виновна

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не е виновна само ЕУ што не му подаде рака на регионот на Западен Балкан на неодамнешниот самит во Брисел. За време на дискусијата за потеклото и староста на балканските народи, Рама на шега ја спомна конкуренцијата на Грците и Албанците во тоа кој е најстар народ на Балканскиот Полуостров, пишува „Газета експрес“. На ...

Read More »

Иран бара членство во економска алијанса БРИКС

Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, објавија иранските медиуми. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни. Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави дека и Аргентина поднела барање за членство во БРИКС. Но, аргентинските ...

Read More »

19-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ

Денеска ќе се одржи 19-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација). Делегацијата од Европска страна ја предводи европратеникот Андреас Шидер, а во нејзин состав се и европратениците Ирена Јовева, Марион Валсман, Владимир Билчик и Илхан Ќучук. Пред почетокот на состанокот, предвидено е дел од Делегацијата да оствари средби со Претседателот на ...

Read More »