Author Archives: Весник Илинден

Македонскиот и Хрватскиот амбасадор во Албанија, Крамариќ и Марковски го посетија Спомен – музејот “Стерјо Спасе” (ФОТО)

Македонскиот и Хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ и Данчо Марковски, за време на нивниот престој во Општина Пустец, каде што учествуваа на манифестацијата посветена на македонските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, го посетија Спомен – музејот “Стерјо Спасе”, каде имаа можност од блиску да се запознаат со животот и литературното дело на овој голем писател со македонско потекло. ...

Read More »

Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани

Поранешниот претседател повеќе од еден месец беше префрлен од болницата „Шефќет Ндроќи“ во болница во Германија на поспецијализирано лекување, но според тамошните лекари, поранешниот претседател паднал во кома и претрпел мозочна смрт неповратна за поранешниот претседател. Лекарите ги советувале членовите на семејството да донесат одлука поради изгубените надежи дека ќе се разбуди. Нишани беше хоспитализиран во поранешниот Санаториум во Тирана ...

Read More »

Од кампот „Ал- Холит“ во Сирија извлечени четири жени и девет деца и ќе бидат вратени во Албанија

Нова група, во која се наоѓаат четири жени и девет деца, се извлечени од кампот „Ал-Холит” во Сирија и ќе бидат вратени во Албанија. Сите тие се членови на семејства на албански борци кои им се приклучија на исламските екстремистички групи, кои војуваа во Сирија и во Ирак. Тие се извлечени од кампот и сириските власти ги предале на албански ...

Read More »

Николоски: Бугарија води националистичка политика со уцени

Па еве за почеток СДСМ да ја прифати нашата иницијативата за лидерска средба. Сметам дека крајно неодговорно за двете најголеми политички партии да немаат нормална комуникација и дијалог, тоа не значи дека за се треба да се согласуваме, напротив за голем дел од прашањата имаме различни ставови што е добро и што е демократски. Но, има толку значајни прашања во ...

Read More »

Македонија победник на 4 -то издание на Балканскиот фоклорен фестивал во Корча

Во Корча се одржа 4-то издание на Балканскиот фестивал на кој учествуваа најдобрите ансамбли, на едно вистинско празнување на традицијата. Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува ...

Read More »

Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Јован Бигорски, каде што беше пречекан од игуменот на манастирот, Епископ Антаниски г. Партениј и запознаен со историјата и мисијата на манастирот Св. Јован Бигорски, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во посетата на манастирскиот комплекс, Ковачевски беше придружуван и од ...

Read More »

Повторно отворена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во посета на Киев, од каде информираше дека амбасадата повторно ќе биде ставена во функција. Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина. Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, се вели во објавата.

Read More »

Во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска изјави дека Владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан Ковид-19. Лаутербах за медиумската група „Функе“ изјави дека правилата што важат за сите постари од 12 години, ...

Read More »

Рома ја освои Лигата на конференции, Мурињо испиша историја во Тирана (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома се првите освојувачи на Лигата на конференции, откако вечерва во Тирана славеа во финалниот меч против Феенорд со 1:0. Тоа е првиот европски трофеј за Рома уште од 1961 година кога го освои Купот на саемски градови. Во меѓувреме беше финалист во 1984 година кога загуби во Купот на шампионите, и во 1991 година во Купот на УЕФА. Римската „волчица“ триумфираше против ...

Read More »

Се промовира книгата “Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од Проф д-р Мариа Дојче

Во Спомен – музејот “Стерјо Спасе” во село Глобочени, Општина Пустец се промовира книгата “Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од професор д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка. Во Албанија, ова е прва вистинска социолошка студија за интеграција на дел од македонската заедница во албанското општество. Во овој ...

Read More »