Author Archives: Весник Илинден

СПАК над 128 милиони евра добиени од криминална активност на неколку бизнисмени

По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, спроведена е голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец. Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 милиони евра како дел од ...

Read More »

Мисајловски: Свечено отворена спомен-соба на Генерал Михаило Апостолски

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски објави дел од атмосферата по повод патрон празникот на воената Академија. Денес го одбележуваме Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – институција која повеќе од три децении создава кадар што со знаење, чест и професионалност придонесува за безбедноста и стабилноста на нашата држава. Упатувам искрени честитки до сите питомци, кадети, офицери и ...

Read More »

Грк без македонско потекло сам го научи македонскиот јазик и објави книга во Македонија

„Раскинување на договорот“ е дебитантска двојазична стихозбирка на Сотирис Минас, во која македонскиот јазик станува чин на солидарност, отпор и достоинство Од печат излезе „Раскинување на договорот“ дебитантската стихозбирка на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, во издание на „Матица македонска“. Книгата е објавена двојазично – на грчки и на македонски јазик – а македонската верзија на песните е препев ...

Read More »

Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис ...

Read More »

Благоданица за Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај. Македонците во Република Албанија од 2021 година ...

Read More »

Ohrid Wine Festival Vol. 5 ја објави програмата: од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија

Објавена е програмата за годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5, кое од 25 до 27 јуни ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид. Петтото издание на фестивалот носи три вечери со музичка програма, винска и гастро понуда и содржини што ќе го раздвижат кејот во еден од најпосетените периоди од летото. Во пресрет на ...

Read More »

Македонија: Конференцијата за дигитална трансформација на Западен Балкан во Скопје

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот. Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол ...

Read More »

Учителката од Гевгелија олицетворение на „факелот од Серменин“

Факелот“ ја симболизира светлината на писменоста и мајчиниот јазик што првите повоени учители курсисти ја рашириле низ Гевгелија и околните села. Биографијата на Марика е приказна за млада ентузијастка која во воени услови, со малку хартија и парче креда, започнала борба против неписменоста. Низ одделенијата на учителката Марија поминале многубројни ученици, кои никогаш не ја заборавиле, па дури често ја ...

Read More »

Албанија: 36 летни здравствени амбуланти и засилени полициски патроли на располагање на туристите

Во Албанија се пуштени во употреба 36 сезонски здравствени пунктови, со цел да им пружаат услуги на домашните и странските посетители во крајбрежните и планинските туристички региони. Овие здравствени установи се опремени со потребната апаратура, медицински материјали и медикаменти, а во нив работат 100 доктори и 150 медицински сестри. Пунктовите ќе бидат активни непрекинато, 24 часа на ден, 7 дена ...

Read More »

Бериша тврди дека му е укината „црната листа“ на САД, Вашингтон без официјална потврда

„Јас дојдов, завршено е“ – Сали Бериша тврди дека му е укината „црната листа“ од САД По повеќе од пет години од одлуката за забрана за влез во САД, лидерот на Демократската партија Сали Бериша денес изјави дека мерката е укината, што тој го оцени како негова лична победа. Изјавата ја даде од собраниската говорница за време на седница, без ...

Read More »