Author Archives: Весник Илинден

Албанија: Полицискиот час се скусува за еден час а маска на лицето не е задолжителна на отворен простор

Во Албанија од први јуни се укинува задолжителното носење заштитна маска на лицето на отворен простор а полицискиот час се скусува за еден час и ќе трае од 23:00 до 6 часот. Ова се дел од мерките што денес ги соопшти техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба. Комитетот смета дека има простор ...

Read More »

Рама најави олеснувања на анти-ковид мерките, но не сакаше да ја коментира одлуката на САД за Бериша

Премиерот Еди Рама од плоштадот „Скендербег“,во Тирана, каде одблиску го следеше процесот на вакцинацијата на транспортните работници, што почна денеска, најави големи олеснувања на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Додаде дека утре Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе излезе со нов план за олеснување на мерките. Се наоѓаме во оптимална ситуација во однос на стратегијата и ...

Read More »

Во Пустец активности по повод Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Конески

Низа настани поврзани со одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100 годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески, ќе бидат реализирани во следните два дена во општина Пустец, информираше македонската амбасада во Тирана. Организатори на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Македонија, амбасадата и Културно информативниот центар во Тирана, во соработка со општина Пустец, друштвата на Македонците ...

Read More »

Kоординатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на тркалезна маса за малциствата во Елбасан (ВИДЕО)

Во тек е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ во Албанија чија цел е да го зголеми квалитетот на застапеност во избраните тела на локалната самоуправа. Во работата учествуваат Здружението на црногорската заедница заедно со уште 7 други организации. Во рамките на овој проект, на 24 мај 2021 година, во градот Елбасан се одржа тркалезна маса со ...

Read More »

Во Албанија вакцинирани над 725.000 лица

Во Албанија, во текот на вчерашниот ден вакцина против Ковид-19 примиле 8.159 или вкупно до сега 725.135 лица, информираше министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу. Додаде дека со пристигнувањето на новата пратка од 60.000 вакцини од Синовак, со што се надмина десетневниот проблем со недостиг на вакцина од оваа компанија, веќе вакцинираните со прва, почнаа да ја примаат ...

Read More »

Македонците во Германија го одбележа Св. Методиј во Елванген 

Во малото градче Елванген, Германија традиционално се прослави Св. Кирил и Методиј, група македонци и оваа година го посети Елванген и оддаде почит на нашиот просветник и рамноапостол Св. Методиј бил затвореник во тогашниот затвор во градчето Елванген во Германија. Делегација предводени од Црковните заедници во Шуттгарт : Црковната заедница Св. Кирил и Методиј од Штутгарт и св. Пресвета Богородица ...

Read More »

Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на Св. Кирил

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ја информира јавноста дека утрово на празникот на сесловенските и македонски просветители Св. Кирил и Методиј во Ватикан македонска црковно-државна делегација имаше поклонение на гробот на Св. Кирил. Делегацијата во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул ...

Read More »

Руската амбасада: За Путин, словенската писменост во Русија дојде од Македонија

Руската амбасада земјава го честиташе 24 мај, денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Со изјава од претседателот Владимир Путин го честитаа празникот на, како што велат, братскиот македонски народ. Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја, е изјавата од Путин која ја цитира амбасадата во Скопје.

Read More »

Македонскиот јазик е признат од сите славистички и лингвистички центри

Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. „Да ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј! Овој месец Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” достоинствено, работно и промотивно се посвети на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик (со подготовка и промоција на електронското издание на Толковниот ...

Read More »

Биографија на македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во ...

Read More »