Author Archives: Весник Илинден

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ со бројни настани

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа. Манифестацијата, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола“ во центарот на ...

Read More »

Летните олимписки игри ќе бидат официјално отворени денеска во Токиo, Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти

Летните олимписки игри ќе бидат официјално отворени денеска во Токио, по едногодишно доцнење поради пандемијата на коронавирусот, и ќе траат до 8 август, а Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти. Овие Олимписки игри нема да бидат налик на ниедна од претходните, бидејќи на љубителите на спортот од странство им е забрането да присуствуваат на трибините, а само на некои ...

Read More »

Османи организираше прием за дијаспората во Министерството за надворешни работи (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи беше домаќин на нашите граѓани кои живеат во странство, а кои деновиве летните одмори ги поминуваат во земјава. Како што соопшти МНР, на приемот министерот упати благодарност до дијаспората за нивниот придонес во пренесување на позитивната порака и слика за нашата држава, како и придонесот за целокупниот економски и општествен развој на Македонија. Се ...

Read More »

Почина од компликации од Ковид 19 Отец Методиј од Македонија Игумен во Валаамскиот манастир во Русија 

Архимандритот Методиј, од Валаамскиот манастир на Руската Црква, ја изгуби битката со Ковид 19. Валаамскиот манастир соопшти дека Отец Методиј почина. Само што добивме информација дека драгиот и сакан архимандрит Методиј преминал кај Бога. Упокој ја, Господи, душата на новозаветниот слуга Твој, нашиот собрат Отец Методиј, прости му ги сите волни и неволни прегрешенија и подари му царство небесно!, напиша Валаамскиот ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со градоначалникот на општина Елбасан, Гледиан Латја

Во рамките на програмските активности на Амбасадата на Македонија во Тирана за поттикнување на регионалната и локалната соработка помеѓу Македонија и Албанија, амбасадорот Данчо Марковски оствари посета на градот Елбасан. На работната средба со градоначалникот на општина Елбасан, Гледиан Латја, беше истакната досегашната добрата соработка на градот Елбасан со три општини на Македонија (Кичево, Тетово и Чаир) како и заинтересираноста ...

Read More »

Албанија загрижена поради зголемената бројка на новозаразени со Ковид-19

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, призна дека е загрижена поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и апелираше на поголем одѕив на граѓаните за  имунизација. „Загрижени сме поради зголемениот број новозаразени, што го зголемува и бројот на хоспитализации. Поголема внимателност  и потреба од вакцинација, која е единствен начин да се заштитиме. Познато е дека Делта сојот  брзо се шири. Кај ...

Read More »

Европската слободна алијанса ја повика Европската Унија да ги заштити правата на Македонското малциство во Бугарија

Гастајц, 20 јули 2021 Драга претседателке Вон дер Лејен, драг комесаре Рејндерс Во име на Европската Слободна Алијанса и нашата партија – членка ОМО “Илинден” – Пирин, ви пишувам да изразам загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија. Долги години македонското малцинство е изложено на малтретирање од страна на државата, и му се негираат основните човекови права кои се ...

Read More »