Author Archives: Весник Илинден

Руската амбасада: За Путин, словенската писменост во Русија дојде од Македонија

Руската амбасада земјава го честиташе 24 мај, денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Со изјава од претседателот Владимир Путин го честитаа празникот на, како што велат, братскиот македонски народ. Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја, е изјавата од Путин која ја цитира амбасадата во Скопје.

Read More »

Македонскиот јазик е признат од сите славистички и лингвистички центри

Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. „Да ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј! Овој месец Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” достоинствено, работно и промотивно се посвети на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик (со подготовка и промоција на електронското издание на Толковниот ...

Read More »

Биографија на македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во ...

Read More »

Честитка по повод Свети. Кирил и Методиј од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви ...

Read More »

Германија забрани влез за патници од Велика Британија поради индискиот вид

Германија забрани влез на лица кои патуваат од Велика Британија поради индискиот вид на коронавирус. Германскиот институт за јавно здравје побара секој што влегува во Германија од Велика Британија да биде во карантин две недели. Случаите на индискиот вид на коронавирус се во загрижувачки пораст во Велика Британија. Ние сакаме да бидеме внимателни. Во оваа важна фаза од кампањата за ...

Read More »

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 23 Мај, Национален ден на Власите

На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства. Овој ден е значаен за Влашката заедница бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад ...

Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија. Почитувани сограѓани, Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Тирана, Марковски оствари средба со заменик министерот за Надворешни и Европа работи на Албанија, Таре 

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, оствари средба со заменик министерот за Надворешни и Европа работ на Република Албанија, Агрон Таре. На средбата беа разменети мислења и идеи за натамошно продлабочување и надградување на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Двајцата допломати се договориле во идина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес.

Read More »

Градот Елванген во Германија по 51-ви пат го слави Денот на Свети Методиј

Оваа година градот Елванген беше виртуелен домаќин на Денот на Свети Методиј. Прославата на Денот на Свети Методиј беше откажана поради корона пандемијата и градоначалникот на Елванген, г-дин Михаел Дамбахер, за прв пат организираше виртуелен настан. Градоначалникот Дамбахер разговараше со учесниците на настанот и му оддаде почит на апостолот и заштитник на Европа со положување венец на Методијплац. На виртуелната ...

Read More »