На 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија, соопшти јавното обвинителство. Неофицијално, Зврлевски починал поради компликации со коронавирусот. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование заврши во Скопје, а дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работното искуство го започна во Македонската академија на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Честитка од СМК за изборот на Османи за претседателка, со барање за унапредување на положбата и правата на Македонците во Гора и цела територја
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го честита изборот на Вјоса Османи за претседателка на Косово. СМК очекува продлабочување на македонско-косовските билатерални односи и унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во Гора и Призренска Жупа, на целата територија на Косово. СМК апелира Косово да се воздржи од мешање во внатрешните работи на државата Македонија. СМК предлага склучување на Договор за ...
Read More »110 години од раѓањето на Кераца Висулчева
„Родена сум во Македонија, од дедовци и прадедовци Македонци и сакам да умрам во независна Република Македонија” – Кераца Висулчева Кераца Николова Висулчева е родена на 7. април 1910 (според други извори 1911 година) во село Нестрам, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија. Во текот на Балканските војни (1913) и етничкото чистење на Егејска Македонија со родителите пребегала во Бугарија. ...
Read More »Колумна на Проф. д-р Катерина Тодороска „Колберг“ во Македонија
Дниве се изнаслушавме и изначитавме семожни информации, кои во најмала рака, се контрадикторни. Дел од нив би ги свела на безочна пропаганда. Затоа денес помислив да напишам нешто во врска со пропагандата. Секако, сите знаеме која е улогата на пропагандата, особено ако таа е во количини како овие дниве во Македонија. Изнесувајќи го мојот став за ова прашање не значи ...
Read More »Албански мафијашки „кум“ баран во Белгија за трговија со луѓе убиен во Скадар
Еден од најистакнатите „кумови“ во албанското подземје, Бардок Планај, е убиен од вооружени лица кои од автоматското оружје „калашников“ испукале 120 куршуми во неговиот „ренџ ровер“. Планај, познат како Кумбари, бил убиен во неделата на 4 април на патот кон Скадар во северна Албанија во близина на неговиот дом во предградието Добрач. На 46-годишниот Планај му се судеше во отсуство ...
Read More »Отворен повик за резиденции за автори и преведувачи од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Турција
Писатели, преведувачи, драматурзи, поети, илустратори, уметници на графички новели и стрипови од земјава, Албанија, Косово, Србија и Турција можат да се пријават за проектот „Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД)“. Станува збор за регионален проект финансиран од ЕУ со цел да им овозможи на граѓанските активисти од регионот да придонесат кон интеркултурната толеранција и зајакнување на демократските вредности, со посебен ...
Read More »Стерјовски за СОТ7 телевизија: Не само што се чувствувам Македонeц, јас сонувам македонски (ВИДЕО)
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, рече дека „не само што се чувствува Македонeц, туку дека сонува македонски“ одговарајќи на прашањето како се чувствува Албанец или Македонец. Јас секако дека се чувствувам Македонец. Не само што се чувствувам туку и сонувам на македонски. Областа каде ...
Read More »Музеј за Стерјо Спасен, албанско-македонски проект во училиштето во Пустец каде предаваше писателот (ВИДЕО)
Поштенска марка со ликот на Блаже Конески по повод 100 години од неговото раѓање
Поштенска марка со ликот на Блаже Конески по цена од 72 денари од денеска може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Таа денеска официјално беше претставена во чест на одбележувањето на јубилејот – 100 години од раѓањето на Конески. Издадена е во 6.000 примероци, а е илустрирана со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Директорот ...
Read More »Рама: Само што договоривме 50.000 вакцини од „Спутник В“
Премиер Еди Рама попладнево објави дека е постигнат уште еден договор во набавката на вакцини, овој пат за 50.000 дози од руската вакцина „Спутник В“. Рама пишува дека во рок од 10 дена вакцините ќе бидат во Албанија. За шефот на владата, светлината на излезот од тунелот станува се поголема и поголема. Само што постигнавме договор да донесеме уште 50.000 ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden