Author Archives: Весник Илинден

Гутереш: Руската вакцина ќе oдигра важна улога во борбата против пандемијата

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш смета дека руските вакцини против Ковид-19 можат да играат многу важна улога во борбата против пандемијата и се надева дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ги одобри. „Единствениот услов што го имаат ООН во врска со вакцините е да можеме да ги користиме само доколку се одобрени од СЗО. Знам дека во овој ...

Read More »

Македонците во Косово во пресрет на предвремените парламентарни избори

Фото: Маја Јаневска-Илиева Каква е состојбата со Македонците на политичката сцена во соседно Косово? Каков е нивниот ангажман и на што може да се надеваат нашинците во пресрет на претстојните парламентарни избори, кои се закажани за 14 февруари? Имаат ли поддршка и на што се надеваат Горанците во Косово? Македонците во Косово во пресрет на предвремените парламентарни избориКосово влегува во ...

Read More »

Валентин Андон, Македонец од Албанија го носи планинскиот чај на пазарот во Америкa

Надалеку познатиот „Планински чај“ Македонците од Пустец, Мала Преспа го продаваа најмногу во Охрид, Новото време донесе нови генерации, а Валентин успешно го гради брендот „Активити“ на пазарот во Америка. Роден во Корча, по потекло Македонец од Мала Преспа, Валентин по завршеното „Средно медицинско“ во Охрид замина на студии во Чикаго. Една година потоа тој е студент и млад бизнисмен ...

Read More »

Промовирани возила и специјализирана опрема за спасување во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро oд програмата ИПА2 меѓу Македонија и Албанија 

Специјализирана опрема за спасување во зимски услови и возила добија Црвен крст – Охрид, општините Дебрца и Грамш и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На промоцијата денеска во Охрид присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, ...

Read More »

СМК изразува целосна поддршка на кандидатите за пратеници на Единствена Горанска Партија и апелира сите во Гора масовно да гласаат за Единствена Горанска Партија

На 14 февруари 2021 година на Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори. На овие избори со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора Единствена Горанска Партија. На листата на Единствена Горанска Партија за пратеници во Косовскиот парламент има 16 кандидати: Адем Хоџа дипломиран инжинер, Енес Горан спортски тренер, Рахела Ибраими професор по социологија, Фејсал Халиловиќ директор, Един ...

Read More »

Македонија: Комеморативното одбележување по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, имаше обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ден на кој се сеќаваме и им оддаваме почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, вклучувајќи ги 7.144 македонски Евреи, кои своите животи го загубија во Аушвиц – Биркенау, Треблинка и другите логори ...

Read More »

Десет години од смртта на Лиана Думитреску, Македонка, голем македонски активист во Романија

Денес одбележуваме десет години од смртта на Лиана Думитреску, Македонка, голем македонски активист во Романија. Лиана Думитреску е родена на 20 јануари 1973 година во Крајова, Романија, во македонско семејство. Во 1996 година дипломирала на Правниот факултет при државниот Букурешки универзитет. Лиана Думитреску ќе остане запаметена како романска политичарка, во два мандати пратеник од Македонската заедница во Романија во Долниот ...

Read More »

Меѓународен ден на сеќавањето на Холокаустот

Секоја година на 27 јануари, УНЕСКО му оддава почит на сеќавањето на жртвите на холокаустот и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да се спротивстави на антисемитизмот, расизмот и другите форми на нетолеранција што може да доведе до групно насилство. Датумот ја одбележува годишнината од ослободувањето на нацистичкиот камп за концентрација и истребување во Аушвиц-Биркенау од советските трупи на 27 јануари ...

Read More »

Совет на Европа: Бугарија не ги почитува правата на националните малцинствата

Бугарија не постигнала значителен напредок во главните области што го загрижуваат Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), вклучително корупцијата на високо ниво, слобода на медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилство против жените, се наведува во извештајот на известувачот на ПССЕ, Микаел Аструп Јенсен за исполнувањето на обврските на земјите под мониторинг, преземени со членството во Советот ...

Read More »

Иран ја одобри руската вакцина „Спутник V“

Иран ја одобри руската вакцина против новиот коронавирус, потврди во вторникот во Москва иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, чијашто земја тешко настрада во пандемијата но поради одредени пречки одлучи да не ги увезува западните вакцини. „Вакцината Спутник V вчера е регистрирана во Иран. Ја одобрија нашите здравствени власти и наскоро, се надеваме, ќе можеме да ја купиме ...

Read More »