Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж дека попречувал тек на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, приведен е шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој е одведен на распит поради наводен обид да ја попречи истрагата за оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“. Истражителите на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Во Голо Брдо снег и до 50 сантиметри, без струја над 18 часа
Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија. Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече ...
Read More »Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. ...
Read More »Мрак во 21 век на само 8 км од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер на градот оставени на немилост на ЕВН
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана агонија. На само 8 километри од центарот на Велес, во зона која важи за туристички и рекреативен центар, прекините на електрична енергија станаа секојдневие, а трпението на граѓаните е целосно исцрпено. Револтот кулминира бидејќи проблемот не е нов – тој ...
Read More »Дигиталната платформа Македонска Држава започна соработка со МАНУ
Платформата „Македонска Држава“ официјално започна соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со што доби дозвола за објавување на материјалите од веб-порталот „Дигитални ресурси на македонскиот јазик“. Соработката овозможува научните, јазичните и историските ресурси на МАНУ да станат подостапни за пошироката јавност преку дигиталниот простор. Сите материјали ќе бидат објавувани со јасна и целосна атрибуција кон МАНУ, во ...
Read More »Адвокатот Гентиан Сејрани е критичен кон постапката за избор на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија
Адвокатот Гентиан Сејрани, директор на невладината организација „За социјална правда“ и претставник на египетската заедница во Албанија, изрази остри критики кон изборот на Константина Безиани, директор на комитет за национални малцинства во Албанија. Според Сејрани, иако повторното назначување е формално дозволено со важечкото законодавство, назначувањето лице на возраст за пензионирање на чело на оваа институција дополнително го ослабува нејзиното функционирање ...
Read More »Иранскиот принц во егзил Реза Пахлави ги повика демонстрантите да продолжат да излегуваат на улиците
Иранскиот принц во егзил Реза Пахлави ги повика демонстрантите да продолжат да излегуваат на улиците вечерва и утре навечер и да ги окупираат централните градски подрачја. Тој, исто така, ги повика работниците во транспортниот, нафтениот, гасниот и енергетскиот сектор да започнат национален штрајк. Во порака до демонстрантите, тој ја пофали, како што ја нарече, нивната „храброст и издржливост“ откако милиони ...
Read More »Иранска Револуционерна гарда: Националната безбедност е нашата „црвена линија“
Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија. Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија. Оваа изјава доаѓа во моменти кога Исламската Република се соочува со едни ...
Read More »Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Албанија и посветена на областа Гора (ФОТО)
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Гора, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска ...
Read More »Секој петти жител на Германија размислувал за емиграција
Секој петти жител во Германија изјавил дека размислувал да ја напушти земјата, покажува анкетата на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата, пренесува ДПА. Меѓу анкетираните, 21 отсто посочиле дека размислувале за емиграција. Кај Германците без мигрантско потекло тој дел изнесува 17 проценти, додека оние кои самите имигрирале во Германија имаат двојно поголеми шанси да размислуваат за напуштање на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden