Author Archives: Весник Илинден

Општина Булќиза третрпат подели помош за Македонците во Острени, областа Голо Брдо 

Во распределбата на помошта беа вклучени вработените на Општина Булќиза и вработените на админстративната единици Острени, областа Голо Брдо. Општината Булќиза, каде територијално припаѓа и административната единица Острени, населена главно со Македонци, распредели помош за најзагрозените семејства која се состои од храна. Општина Булќиза третрпат подели помош за Македонците во админстративната единици Острени до секој дом ја донесоа вработени од ...

Read More »

Во Албанија 548 заразени од „Ковид-19“, 302 излекувани, 26 починати, тестирани 5311

Во Албанија, со ново дијагностицираните девет лица со коронавирус, во последното деноноќие, бројот на заразените се зголеми на 548 лица, информираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита. Од ново заразените пет се од градот Курбин, вработени во погон за производство на чевли, поради што погонот е затворен а 250 вработени се во домашна изолација. Од појавата на ...

Read More »

Благодатниот оган слезе во Божјиот гроб во црквата Воскресение Христово во Ерусалим (ВИДЕО)

Пред Велигден, Благодатниот оган се пали на гробот на Исус Христос за време на молитва што ја води патријархот ерусалимски и на цела Палестина, Теофил Трети. Црквата беше празна, само со свештеници и владици на Ерусалимската патријаршија. Патријархот Теофил го пречека Огнот, а потоа го распредели на останатите во црквата. https://www.facebook.com/191177024795/videos/270732610609093/

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до православните верници. Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник ...

Read More »

Во Албанија 539 заразени од „Ковид-19“, 283 излекувани, 26 починати, тестирани 5080

Во последното деноноќие во Албанија новозарзени со „Ковид-19“ се 21 лице што е за три помалку споредено со вчера. Според директорката на Инситутот за јавно здравје Албана Фицо, со новодиагностицираните вкупната бројка на заразени во земјата се зголемил на 539 лица. -Во последните 24 часа тестирани се 253 сомнителни случаи при што позитвен резултат има кај 21 лице. До сега ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 1117, излекуван 139 пациент, починати 49 лица

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-22 – Куманово-4 – Прилеп-3 – Струга-3 – Велес-3 – Битола-1 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во ...

Read More »

Споменици – Спомен плоча на демократијата во Македонија

Светската цивилизација покрај културни споменици, разликува и споменици на терор и злосторства но и споменици на народни херои кои се бореле за слобода, мир, еднаквост, правo  и правда. Спомениците на терор и злосторства се градат со цел тие да сведочат за грозоморните случувања во минатото и воедно да не предупредуваат во нашите идни активности, додека вторите споменици се паметници за ...

Read More »

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики петок

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на страдањата и смртта на Исус Христос. Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот, кога завесата на Ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале. Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велики петок, камбаните не се огласуваат се до недела, кога за ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 1081, излекуван 121 пациент, починати 46 лица и 10.422 тестирања

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација. Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни ...

Read More »