Author Archives: Весник Илинден

Македонија: Хеликоптер на МВР се превртел по полетувањето на аеродомот во Скопје

Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот. Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при ...

Read More »

Колумна „Култура за никого во Македонија“

  Во екот на крвавата Втора Светска војна, соочени со тешки материјални и човечки загуби официјалните лица во Лондон го кројат буџетот за претстојната година. Владиниот советник за финансии отишол кај тазе избраниот британски Премиер Винстон Черчил да го извести за состојбата со финансиите и да му сугерира дека буџетот за култура би требало да биде пренасочен за воените потреби. ...

Read More »

Македонија: Почина водителот и пејач Драган Вучиќ

На Инфективната клиника во Скопје денеска почина водителот и пејач Драган Вучиќ од компликации од вирусот КОВИД-19. За неговата смрт не е официјално соопштено од Институтот за јавно здравје, но ја потврдиле членови на неговото семејство. Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и ...

Read More »

Се одбележуваат 117 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 1511, излекуван 945 пациент, починати 84 лица и 17246  тестирања

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти. – Скопје 32 – Куманово 38 – Прилеп 16 – Тетово 2 – Велес 7 Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на коронавирус. Во однос на ...

Read More »

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на поголема заштита на новинарите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на поголема заштита на новинарите, нагласувајќи дека тие нудат „противотров“ на пандемијата дезинформации што ја придружува кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот. Гутереш, во видео-порака по повод Светскиот ден на слободата – 3 мај, ја истакна клучната улога што ја имаат медиумите за да може луѓето да добијат информации што им се потребни ...

Read More »

Поради пандемијата забранети матурските вечери во Албанија

Пандемијата на коронавирусот годинава во Албанија ќе ја прекине и традицијата на одржувањето матурски вечери. Забрабната за нивно одржување ја соопшти министерката за образование Беса Шахини на редовната онлајн комуникација, одговарајќи на прашањето дали ќе има матурски вечери.  За жал не. Нема да се дозволи одржување матурски вечери. Тие се празнувања на кои не мкоже да се онбезбеди социјална дистанца ...

Read More »

Германците излегоа на масовни протести против мерките , десетици приведени (ВИДЕО)

Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде што според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани. Организаторот на митингот, претприемач за ИТ, Мајкл Балвег, рече дека граѓаните дошле да протестираат за да се спротивстават на ограничувањата на основните граѓански права како што е правото на протест и слободата на вероисповест. Протестите продолжија мирно, според правилата за одржување дистанца , според полицијата. ...

Read More »

3 Мај – Светски ден на слободата на медиумите

Секоја година на 3 мај припадниците на новинарската професија ги слават фундаменталните права и слободи, прават евалуација на слободата на медиумите ширум светот, преземаат чекори за одбрана од нападите врз нивната независност и се сеќаваат на своите колеги кои ги загубија животите, практикувајќи ја новинарската професија. Сето ова се случува денеска и тоа по 26-ти пат, откако во 1993 година ...

Read More »

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста (ВИДЕО)

Северно корејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста за прв пат по 20 дена, пренесуваат севернокорејските државни медиуми. Државната агенција КЦНА известува дека севернокорејскиот лидер ја пресекол црвената лента за отворањето на фабриката за ѓубрива. Тој присуствуваше на церемонијата, а присутните го пречекаа со „ура“ – додава агенцијата. Подоцна се појавија и видеа на кои Ким Јонг Ун вози голф ...

Read More »