Author Archives: Весник Илинден

Екслузивно: Македонскиот јазик и официелно во службена употреба во Качарево (ФОТО)

Да ја завршиме серијата на дела под наслов “Речено-Сторено”, барем за оваа година, со следнава вест, Македонскиот јазик и официелно од оваа година во службена употреба во Качарево. Веднаш и спроведување на реченото во дело. Денес поставени првите двојазични табли. – Напиша на својот профил на Фејсбук претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија, Борче Величковски.

Read More »

ССК и Македонско Швајцарски бизнис клуб со донација за Клиниката за детски болести

Предновогодишна донација за децата во Клиниката за детски болести во Скопје, беше реализирана од страна на компаниите членови на Македонско – швајцарскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори на Македонија. Јасминка Талеска, претседател на Македонско – швајцарскиот бизнис клуб истакна дека оваа акција е дел од практикувањето на општествена одговорност кај компаниите членови на Македонско -швајцарскиот бизнис клуб, како и ...

Read More »

Стерјовски на средба со градоначалникот на Девол побара подобри услови за Македонците во Врбник

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција,и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски во функција на напорите за подобрување на состојбата на Македонците денеска оствари средба со градоначалникот на Девол, Едуарт Дуро. На средбата присуствуваа и членовите на Извршниот комитет на партијата,Елена Зоркала и Јован Фило. Разговаравме за состојбата во селото Врбник населено со ...

Read More »

Германско училиште подари пакетчиња за деца за Божик во Св. Јован Крстител Бигорски манастир

  Во исчекување на празникот на мирот Божји и на ангелската радост – Рождеството Христово, училиштето Schuelerhort Comeniusschule од Хановер, Германија, ѝ испрати на нашата Света Обител околу триесетина божикни пакетчиња за деца. Управата на училиштето и родителите, а особено дечињата, запознаени од наши иселеници за мисијата на Бигорскиот манастир и љубовта на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, кон децата, со голема радост ...

Read More »

Адем Хоџа лидер на партијата „Единствена горанска партија“од Гора положи свечена заклетва во косовскиот парламент

Пратеникот на партијата победничка на вонредните парламентарни избори во косово, Движењето Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца е избран за претседател на новото косовско Собрание, на предлог на лидерот на неговата партија Албин Курти. Покрај нив за потпретседатели беа избрани Славко Симиќ од Српската листа и Фикрим Дамка од партиите на другите немнозински етнички заедници во Косово. Во состав на косовскиот парламент, во ...

Read More »

Советот на Воден не дозволи да се учи македонски јазик во училиштата преку Интернет

Градскиот совет на Воден, Егејска Македонија го отфрлил барањето за вклучување на македонскиот јазик во грчките јавни училишта преку курсеви на Интернет, објавуваат грчки медиуми. „Градскиот совет на Воден едногласно донесе одлука со која се отфрла барањето на една националистичка про-Скопје група која што повика на вклучување на таканаречениот македонски јазик. Групата, позната како АМКЕ Крсте Мисирков неодамна поднесе провокативна петиција ...

Read More »

Промоција на „Слова за словото“ од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Во организација на Скопската епархија на Македонсата Православна Црква – Охридска Архиепископија завчера во Музејот на македонската борба во Скопје се одржа промоција на три тома од пет-томната едиција “Слова за словото“ од Неговото блаженство господин господин Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва. Трудот е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан во изминатите 20 години како ...

Read More »

Одбележани пет години од смртта на Назиф Докле, борец за правата на Македонците во Гора

Во северниот албнски град Кукс одбележана беше пет годишнината од смртта на големиот борец за правата на Македонците во о ласта Гора, интелектуалец, писател, истражувач Назиф Докле. На одбележувањето присуствуваа негови блиски роднини,пријатели,почитувачи на неговото дело. Назиф Докле остави неизбришливи траги до своето дело не само за Македонците од Гора,туку и во целина во цела Албанија.Имав среќа да го запознам ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова Година 2020

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Божик и Нова Година 2020 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Македонија: Турската авиокомпанија „Сан експрес“ следната година ќе лета од Скопје

Турската авиокомпанија „Сан експрес“ ќе ги поврземе турскиот град Измир со главниот град на Македонија. Ова го покажува распоредот на летови за следната година. Првиот лет е закажан за 23 мај, додека последното полетување за 19 септември. Компанијата ќе лета еднаш неделно, секоја сабота. Отстапки од редот за летање ќе има само во јуни кога до Измир од Скопје ќе ...

Read More »