
„Базата е првиот потпис на НАТО на Западниот Балкан бидејќи Кучова ќе ја претвори во прва воздухопловна база на Алијансата во овој регион“, кажа министерката за одбрана Олта Џачка. Во првата фаза од работата на базата НАТО ќе вложи над 50 милиони евра и Кучова ќе се користи како база за снабдување, логистика, обука и вежби, додаде министерката. Албанија смета дека заслужува трансформација на својата стара база за да придонесе на одржувањето на стабилноста во регионот и во мировните миси на НАТО низ светот.

„Регионот во целина влезе во процес на неповратна евроатлантска интеграција“, истакна Џачка. Базата во Кучова, која во 50-тите години од минатиот век ја граделе политички затвореници, ја дизајнирале советски инженети кои под авионската писта поставиле динамит за да ја разнесат во случај да падне во непријателски раце. Базата се наоѓа на локација која преку цела година има одлични временски услови.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=28&v=AG8tekKaW8U
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
