Бериша: Амбасадорката на ЕУ побарала да ме уапсат

Поранешниот претседател и премиер Сали Бериша изјави дека амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, побарала негово апсење. Бериша во интервју за албанската ТВ „АБЦ“ рече дека актуелната амбасадорка на ЕУ во Албанија, Романа Влахутин, побарала од сега сменетиот јавен обвинител Адриатик Лала негово апсење. „Влахотин оваа барање го упатила и пред поранешниот претседател на Албанија Бујар Нишани со цел обвинителот Лала да ги забрза активностите за апсење“, истакна Бериша и додаде дека информацијата покрај од Лала и Нишани, ја добил и од некои странски дипломати во Албанија.

Бериша во интервјуто вели дека Влахутин имала и сомнежи дека ја прислушуваат, но главна причина за барањето за апсење било тоа што Влахутин верувала оти Бериша е замешан во коруптивни активности. Албанскиот печат исто така особено внимание посветува и на една изјава на поранешниот јавен обвинител Адриатик Лала, кој вели дека американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, му  побарал и апсење на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Лу демантираше дека има такво нешто и притоа посочи дека Лала е замешан во коруптивни дејствија и искажа верба дека тој наскоро ќе одговара пред судот поради коруптивните активности.

 

Advertisement