Брисел за првпат денеска ќе обезбеди превод на македонски јазик на прес конференција

Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути. Како што информираше Европската комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик. Ова е прв пат Европската комисија да обезбеди превод на други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција.

Advertisement