Бројот на жртвите во Албанија се зголеми на 48 околу 2000 добиле лекарска помош

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотресот што утрото на 26 ноември ја погоди Албанија се искачи на 48. Спасувачката акција е завршена во Туман и кај шесткатницата во Драч. Според Mинистерството за здравство во болниците медицинска помош добиле над 790 лица во Драч и Клиниката за трауматологија во Тирана. Националната ургентна служба одговорила на 4.411 повици за помош уште од моментот на земјотресот и извршила 1.106 мисии на брза помош. Министерството за одбрана потврди дека на терен сеуште се над 5.000 припадници на албанската армија, полицијата, лекари, медициски сестри, вработен во локаланата самоуправа и волонтери.

Advertisement