Бушати: Се заблагодари на колегите пратеници што гласа за нацрт-законот за Малциства во Албанија

Министерот за Европа и Надворешни Работи на Албанија, Дитмир Бушати им се заблагодари на колегите од Парламентарната Комисијата за правни прашања, јавна администрација и човекови права кои гласаа за нацрт-законот “За заштита на националните малцинства во Република Албанија” . Со овој закон, ние имаме намера да гарантираме заштита на малцинските права каде и да се и каде  да живеат – напиша Дитмир Бушати во својата страна  на Фејсбук.