Култура

Промовирана книгата „Лазар Соколов (1914-1984)“ од Катерина Тодороска и Станислава Трајановска

На 27. 11. 2024 година во Занаетчискиот дом во Куманово беше промовирана кнгата „Лазар Соколов (1914-1984)“ од Катерина Тодороска и Станислава Трајановска, издание на реномираната издавачка куќа „Менора“ од Скопје. Ова најново издание на „Менора“ излегува по повод 110 годишнината од раѓањето и 40 годишнината од смртта на основоположникот на македонскиот екомонски и стопански развој на повоена Македонија, Лазар Соколов. ...

Read More »

Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември

Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември (четврток), со почеток во 18:30 часот, во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“. Промотор на сликовницата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ...

Read More »

Заврши вториот меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река”

Во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, синоќа во Домот на културата во Македонска Каменица вчера беа промовирани делови од македонскиот превод на „Часослов“ од Јаков од Камена Река, кој се смета за прв македонски печатар. На изложбата беа претставени четириесетина панели со репродукции од оригиналниот текст и компјутерска адаптација на преведениот текст од делото кое било испечатено ...

Read More »

Денес ќе биде промовирана „Бакнежи на небото“ – најновата македонска книга-сликовница

Настан за македонската книжевност за деца. Автентична, македонска зимска приказна за деца од Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа „Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.“ Со ова мото, денес ќе биде промовирана најновата македонска книга-сликовница за деца, зимската приказна „Бакнежи на небото“ на Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоцијата ...

Read More »

Трибина во Дебар за семејството како основа на соживот и општествени вредности (ФОТО)

Во саботата попладне, на 9 ноември, градот Дебар беше домаќин на првата Трибина која се одржа во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, чијшто носител е Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“. Овој значаен мултикултурен и мултирелигиски проект се случува по идеја и со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, а е ...

Read More »

„Македонскиот јазик е наш идентитет“ одекна во Хрватска – Рацин, Шопов и македонскиот правопис во фокусот

Самобор и Загреб и натаму се едни од најзначајните центри на македонистиката Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и ...

Read More »

Советот на Европа: Јазици за мир, Европскиот ден на јазиците 2024 година ја нагласува лингвистичката и културната разновидност на Европа

Секоја година од 2001 година, Европскиот ден на јазиците, кој се одбележува на 26 септември, го слави богатството на јазиците кои коегзистираат во Европа и пошироко. Над 225 јазици се мајчин само во Европа, не вклучувајќи ги јазиците кои пристигнале на континентот преку миграција. Мотото на овогодинешниот ден е „Јазици за мир“. „Јазичната разновидност, од која потекнува извонредна културна разновидност, ...

Read More »

Книжевна вечер за Шопов и во Друштвото на словенечките писатели

По повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“ „Златен круг на времето“ продолжува да го привклекува интересот на словенечката културна јавност. Обемниот избор од поетското творештво на Ацо Шопов што неодамна беше објавен во Словенија и што веќе беше промовиран во Љубљана беше повод и за книжевна вечер посветена на македонскиот класик и на Фондацијата „Ацо Шопов – ...

Read More »

Откриени гробишта од хеленистичкиот и средновековниотс во село Света Марија во Административната единица Свети Ѓорѓија во општина Тирана

Археолозите на Управата за археолошка служба успешно извршија спасувачко ископување во селото село Света Марија во Административната единица Свети Ѓорѓија во општина Тирана, каде што беа откриени гробишта кои потекнуваат од два значајни историски периоди, хеленистичкиот и средновековниот. Веста ја објави премиерот Еди Рама кој пишува дека на виделина излезе несекојдневно археолошко откритие. „Ова откритие, доказ за историјата и животот на ...

Read More »

Поезијата на Ацо Шопов во Словенија, во дослух со сликарството на Боге Димовски

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов –  „Златен круг на времето“ –, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски. Ова е прв избор од поезијата на македонски класик ...

Read More »