Основана на 24 август 1991 година, петнаесет дена пред референдумот за самостојност, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија. Денес зад неа стојат над 3.000 наслови, повеќе од шест милиони примероци, капитални авторски корпуси, десетици илјади читатели и траен влог во македонскиот јазик, книжевност, култура, идентитет и државност На денешен ден, 24 август, пред точно 35 години е ...
Read More »Култура
Украдените македонски артефакти заробени зад бугарско стакло
Вратата од црквата „Никола Болнички“ во Охрид, прикажана на фотографија на Никодим Павлович Кондаков од 1900 година / Фото: Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје Запленета историја: Сведоштво за насилно одземеното македонско културно наследство што заврши во музејските витрини во Софија Во периодот на Балканските војни и Првата светска војна започна систематско одземање на македонското културно наследство. Илјадници артефакти ...
Read More »„Сама против Ерос“ од Линдита Ахмети – ново издание на „Матица македонска“
Прв избор од поезијата на Линдита Ахмети објавен во книга во препев на македонски јазик по нејзиното физичко заминување Во издание на „Матица македонска“ е објавена „Сама против Ерос“ од Линдита Ахмети (1973–2024) – првиот избор од нејзината поезија што се појавува како книга во препев на македонски јазик по нејзиното физичко заминување. Изданието е нова средба со еден од ...
Read More »Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна (ВИДЕО)
Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски ...
Read More »Македонија: Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Охрид
Фото: НУ Завод и Музеј – Охрид Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена ...
Read More »Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е добитник на наградата „Живко Чинго“
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобро дело на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што се доделува во чест на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Во конкуренција од 24 доставени авторски трудови, стручната комисија во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и проф. д-р Иван Џепароски, одлучи наградата да ...
Read More »Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот „International Folk Festival Tirana“
Ансамблот „Студио Фолклор“ 0д Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот „International Folk Festival Tirana“, каде што настапија фолклорни ансамбли од девет држави од Европа, Азија и Африка. Со извонредни настапи, богата кореографија и автентична изведба на македонските народни песни и ора, членовите на ансамблот достојно ја претставија Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и ...
Read More »Објавена „Страв од плетење“ од Ведрана Рудан – дел од акцијата „Со книга на плажа“ на „Матица македонска“
Штотуку објавената „Страв од плетење“ од Ведрана Рудан, во издание на „Панили“, е достапна за македонските читатели преку „Матица македонска“. Првите примероци од книгата се вклучени во летната акција „Со книга на плажа“ и се достапни во книжарниците на „Матица“ и онлајн преку „Матица“, со специјален летен попуст. Со вклучувањето на „Страв од плетење“ во акцијата „Со книга на плажа“, ...
Read More »Со кипарскиот филм „Држи се за мене“ почнува официјалната програма на „Преку езерото“
Со проекцијата на кипарскиот филм „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, вечерва во 21 часот во амфитеатарот во Стар Дојран ќе биде отворен официјалниот натпреварувачки дел од петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“. Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 20 часот, по што во 20.30 часот ќе биде прикажан краткометражниот филм „Вошки“ на македонската режисерка ...
Read More »Драч ги пречека младите оперски уметници
Драч ги пречека младите оперски уметници од 11 земји од светот: Албанија, Македонија, Косово, Италија, Франција, Грција, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Украина и Иран. На второто издание на „Драч оперска уметност на пеење“. Меѓународното жири го прогласи победникот на баритонот од Азербејџан, Махир Тагизаде. Организаторот, познатиот баритон Гезим Мишкета, има за цел да го претвори овој мастерклас во меѓународен оперски фестивал. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden