Култура

Ѓорѓиевски: Фестивалот „EXIT“ од следната година доаѓа во Скопје

Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „EXIT“. Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Убеден сум дека бренд како ‘EXIT’ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на ...

Read More »

Од денес достапна „Македонска држава“ – дигитална ризница на македонското историско наследство

Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад иницијативата стои група млади ентузијасти кои вложиле значителен труд за собирање, дигитализација и систематизација на материјали од различни библиотеки, архиви, приватни збирки ...

Read More »

Матица македонска го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ во превод на македонски

„Матица македонска“ го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната ...

Read More »

„Матица македонска“ ја објави „Светлосни записи“ – нова книга на националниот мајстор на фотографијата Цветан Гавровски

„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. Книгите ...

Read More »

Матица македонска го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик

Неодамна, „Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од истакнатиот српски писател, Александар Шурбатовиќ, во превод на македонски јазик. Станува збор за еден од романите што има привлечено најголемо внимание во целиот регион во последните две-три децении, со голем интерес и на широката читателска публика, и на книжевната критика. Според српската книжевна критика, ова е роман на епохата што покрива ...

Read More »

Македонија: Во Битола ќе биде откриен споменикот на Александар Турунџев

На 30 август, Битола ќе ја исправи својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија. Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде ...

Read More »

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз

Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот во Сорбона, во Париз, Франција е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, Австрија. ...

Read More »

„Матица македонска“ и Раде Силјан со последен поздрав до Сретен Перовиќ – еден од најголемите странски афирматори на македонската книжевност

На 17 август, физички си замина академик Сретен Перовиќ (1932-2025), истакнатиот црногорски писател што беше наш, македонски пријател и современик, потврден македонист, повеќедецениски промотор на високите вредности на македонската книжевност. Во изминативе децении творечка активност, тој од македонската поезија има препеано над 50 000 стихови на српски и црногорски јазик. Тоа е импозантна бројка, зад која, по правило, би требало ...

Read More »

„Матица македонска“ повторно ја објави „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“ од бугарскиот академик Цанков – вистината и објективното гледање за Македонија криени во бугарските архиви

„Македонија, таа страдална земја, гробница на многу маченици и јунаци, може да стане гробница и на слободата на Балканскиот Полуостров, ако продолжи да биде јаболко на раздорот. Ако Македоннија меѓу нас раѓа национална омраза, антагонизам, ако на неа ние гледаме, не како на земја измачена, онеправдена, натопена со крв и плач која од нас бара помош, и тоа високо доблесна ...

Read More »

„Земјата – база за космички експерименти“ – „Матица македонска“ објави нова книга од Стефан Влахов-Мицов

„Матица македонска“ ја објави новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти. Во првиот дел на книгата се анализира опремувањето на Сончевиот систем ...

Read More »