На 27 мај 2017 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште – Полени -Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонците во обаста Голо Брдо го одбележаа празникот Ѓурѓовден
Неделава што измина Македонците во обаста Голо Брдо, во Албанија, со голем македонски собир го одбележаа празникот Ѓурѓовден. Македонските песни и ора беа декор на семакедонскиот собир што се одржа во село Стеблево.
Read More »ОБСЕ ја почна набљудувачката мисија за изборите во Албанија
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска и официјално ја почна својата набљудувачка мисија за претстојните парламентарни избори во Албанија. ОБСЕ соопшти дека во рамки на мисијата ќе бидат распоредени 26 постојани набљудувачи, а дополнително ќе бидат ангажирани уште 300 претставници од сите 57 земји членки на Организацијата, со исклучок на Албанија. Парламентарните избори во Албанија се закажани ...
Read More »Македонски погранични средби Преспа 2017
Општина Пустец со богата културно-уметничка програма го одбележа христијанскиот празник Ѓурѓовден во село Глобочени во општина Пустец, Мала Преспа. Пред присутните настапи КУД “Тасе Милошевски” од Ресен и повеќе културно-уметнички групи од селата во општина Пустец. На празникот присуствуваа голем број на Македонци од Мала Преспа.
Read More »Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Мала Преспа
Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Република Албанија, со Предлогзаконот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент. Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција одржа состанок на Извршниот комитет
Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија одржа состанок, на состанокот беше донесена одлука за коалиција на наредните парламентарни избори во Република Албанија што треба да се одржат на 18 јуни годинава. Македонската партија во Албанија ќе коалицира со Движењето за социјалистичка интеграција, кое времено го предводи Петрит Васили, откако од лидерската позиција се откажа Илир Мета. ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај имаше средба со студенти по потекло од Голо Брдо што учат во Прилеп
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај имаше средба со студентите по потекло од Голо Брдо што учат во Прилеп. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана rазговараа за проблемите со кои се соочуват во текот на студирањето, но и како се интегрираат сред врсниците и во градот Прилеп. Овие студенти учат во Економскиот факултет. Тие се многу задоволни со учењето ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција
На парламентарни избори во Република Албанија што ќе се одржат на 18 јуни, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, на чија листа за ИЕ Корча е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ. Партијата на Илир Мета, која откако тој се откажа од лидерската функција привремено ја предводи Петрит Васили.
Read More »Македонско друштво „Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Илир Мета за претседател
Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до новоизбранот претседател на Република Албанија, Илир Мета. Почитуван претседател, дозволете ми од името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и од мое лично име, да ви ја честитам функцијата претседател на Република Албанија. По дадената доверба од Парламентот на Република Албанја да ја предводите државата во следните пет години, веруваме дека ќе бидете претседател на сите ...
Read More »Фудбалски турнир “Преспа 2017”
Во организација на Општина Пустец се одржа традиционалниот фудбалски турнир “Преспа 2017” каде учество осум фудбалски екипи од Пустец, Туминец, Горна Горица, Леска, Церје, Глобочани и Шулин. Првоото место го освои екипата од Пустец.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden