Македонска алијанса за европска интеграција одржа состанок на Извршниот комитет

Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија одржа состанок, на состанокот беше донесена одлука за коалиција на наредните парламентарни избори во Република Албанија што треба да се одржат на 18 јуни годинава. Македонската партија во Албанија ќе коалицира со Движењето за социјалистичка интеграција, кое времено го предводи Петрит Васили, откако од лидерската позиција се откажа Илир Мета. Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија е на заедничката кандидатска листа за пратеници во Парламентот на Република Албанија во изборната единица за Корча.

Advertisement