Во Србија според резултатите од пописот одржан во 2022 година, објавени денес на сајтот на Републичкиот завод за статистика (РЗС) живеат 6.647.003 лица, од кои како Македонци по националност се декларирале 14.767 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Доколку се споредат податоците од пописите во Србија, во 2011 година како Македонци се изјасниле 22.755 лица, на пописот во 2002 ...
Read More »Македонци
Гласајте за продолжување на реалните проекти, им порача на Македонците во Пустец актуелниот градоначалник Колефски
Актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, кој повторно ја бара довербата на изборите на 14 мај ги повика жителите да не веруваат во лаги и манипулации на против кандидатот и да гласаат за „продолжување на реалните проекти”. „Почитувани мои сограѓани безидејноста произведува лаги и манипулации, затоа драги мои на 14 мај да излеземе масовно и да продолжиме со реалните ...
Read More »Кандидатот за градоначалник на Пустец Панди Јани вети Македонски културен центар во Шулин
Општина Пустец ќе добие Македонски културен центар (МКЦ) со седиште во село Шулин, вети Панди Јани, кандидат за градоначалник на оваа општина. Се прашувате зошто токму во Шулин? Затоа што Шулин е срцето на општината. Во овој МКЦ ќе бидат реализирани многу проекти од областа на културата и ќе претставува мало катче, каде младите од цела општина и пошироко ќе ...
Read More »Членовите на Советодавниот комитет на Советот на Европа го посетија Сојузот на националните малцинства на Република Српска
Претседателот на Сојузот на националните малцинства на Република Српска, Фрањо Ровер, Зоран Митровски, претседателот на КД Македонци „Вардар“ и Младен Луниќ, претседателот на Здружението на Словенците „Триглав“ РС Бања Лука на 24 април 2023 година освариа средба со Делегација на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција, во просториите на Сојузот на националните малцинства на Република Српска. На средбата се разговараше за Петтиот извештај ...
Read More »Македонскиот амбасадор во Тирана на средба со ОДИХР разговарал за учеството на Македонците на изборите во Албанија
Во своство на амбасадор на земја која претседава со ОБСЕ денеска во Амбасадата на Македонија во Тирана се одржала средба на амбасадорот Данчо Марковски со амбасадорката Одри Гловер, шефицата на набљудувачката мисија на ОДИХР, на која се разбоварало за претстојните локални избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај. На средбата учествувал и заменикот на мисијата Стефан Краус. ...
Read More »Семакедонски собир во чест на пиринскиот цар македонски војвода Јане Сандански во Мелник
Пред споменикот на пиринскиот цар Јане Сандански во Мелник Бугарија, во организација на забранетата македонска партија ОМО “Илинден”-Пирин, а по повод 108-годишнината од убиството на македонскиот револуционер, се одржа семакедонски собир од кој се изрази силен протест против бугарската политика на асимилација на македонскиот народ во Бугарија, неговото негирање и дискриминација, како и против негирањето на македонската нација и идентитет. Стојко ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам. Нека е честит и вековит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по ...
Read More »На Универзитетот во Корча од идната академска година ќе може да се изучува македонскиот јазик и култура
Од идната 2023/2024 академска година на Универзитетот “Фан С. Ноли” во албанскиот град Корча, на катедрата за албански јазик ќе може, како подпредмет(по избор) да се изучува македонскиот јазик и култура. Ова го соопшти Јонела Спахо, деканка на Педагошкиот факултет во Корча при посетата на Пустец, претставувајќи ја новата програма „Албански јазик и книжевност и јазикот и култура на малцинствата”. ...
Read More »Дуртаноски на претседателот на Летонија му ја предаде краснописната верзија од Преамбулата
Денеска во претседателската палата во Рига, македонскиот краснописец и професор по христијанска палеографија Георги Гоце Дуртаноски имаше прием кај летонскиот претседател Егилс Левиц при што му беше предадена краснописна верзија од Преамбулата на летонскиот Устав за претседателскиот кабинет по повод прогласувањето на 2023 како година на ливонскиот јазик и култура како и 100-годишнината од усвојувањето на првиот Устав на Летонија. Ова беше ...
Read More »Екипата од Туминец победник на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец
Фудбалската екипа од село Туминец е победник на овогодинешниот турнир што се одржа во Долна Горица, Општина Пустец, Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Пустец. Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden