Во организација на Македонското друштво “Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, во Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) синоќа се одржа вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на Македонска фолклорна група од Голо Брдо (Македонски традиционални ора од областа Голо Брдо), Македонска фолклорна група ...
Read More »Македонци
Македонска алијанса за европска интеграција го поздрави почетокот со 24-ри часовна работа на преминот Шиштевац-Крушево и бара тоа да се стори и со преминот Требиште-Џепиште
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го поздрави стапувањето во сила на одлуката за 24-часовно функцонрање на заедничкиот граничен премин Шиштавец-Крушево, во областа на Гора, на албанско- косовската граница. Овој граничен премин до сега функционираше со ограничено време и служеше само за жителите од пограничниот регион а од денес ќе работи 24/7 и од премин од Ц преминува во граничен ...
Read More »Во пресрет на Велигден црквата во Горна Горица доби нови сводови
Во пресрет на празникот Христово воскресение – Велигден извршени се одредени неопходни градежни зафати на објектот на црквата „Св. Димитриј“ во село Горна Горица, областа Мала Преспа. Како што информира отец Алексо Темелко, благодарение на донацијата на Деан Нестор, македонски иселеник, со потекло од ова преспанско село, изградени се сводови на тремот во црквата. Според отецот, овој божји храм има ...
Read More »Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”
Во организација на Македонското друштво “Илинден“- Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија по вторпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Според него, на оваа ...
Read More »Стојков за Извештајот на Стејт Департментот: Бугарија има сѐ помал простор за негација на македонското малцинство
Извештајот е важен, тоа е еден од најрелевантните извештаи за правата на човекот во светски рамки, затоа е од значење вклучувањето во него на проблемите на македонското малцинство во Бугарија, вели претседателот на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков во изјава за „Локално“, коментирајќи го Извештајот на американскиот Стејт Департмент за почитувањето на човековите права во Бугарија, особено во делот на етничките ...
Read More »Стејт департментот ја критикува Бугарија поради негирање на Македонците
Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, ги критикува властите за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Се посочуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, за кои се вели дека властите во Софија ги игнорираат. „Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација ‘Илинден’, ...
Read More »Во организација на македонско друштво “Илинден“ во Тирана ќе се одржи втор фолклорен фестивал на македонците во Албанија
Во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, вторпат во Тирана ќе биде одржан “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, ...
Read More »Излезе од печат јубилејниот број на весникот “Илинден”
Излезе од печат 50 број весникот “Илинден” кој е единствен печатен медиум на македонски јазик во Албанија. Чувствувам посебно чувство на задоволство и гордост што ете дочекавме и 50-то издание. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму па да дочекаме и трицифрени бројки, зошто да не, изјави за весникот “Илинден” Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник. Во овој јубилеен број, ...
Read More »Даден во употреба музејот посверен на Стејо Спасе во селото Глобочани, општина Пустец
Во селото Глобочани, општина Пустец на свечен начин беше даден во употреба музејот на Стерјо Спасе, познат албански писател со македонско потекло, родум од ова малопреспанско село. На свеченоста, покрај други гости присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, како и Илинден Спасе, син на Стерјо Спасе. Музејот на Стерјо Спасе е дел од проектите Smart_CulTour, ко- финансирани од Европска ...
Read More »Колумна од Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права: „Не мразат поради нашата слобода“
Не. Ја мразиме американската надворешна политика затоа што ни ги уништува земјите. Кои сме тоа „ние“? Македонија, и секоја друга земја во која Соединетите Американски Држави интервенирале. Американските политичари се обидуваат секое прашање да го претворат во сценарио „ние (САД) против нив“ и секогаш ги обвинуваат „другите“. Но да го погледнеме ова сценарио: Дознаваш дека некој те мрази или е ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden