Македонци

Областа Голо Брдо снежната покривка над 30 сантиметри, повеќе села без електрична енергија

По обилните снежни врнежи Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, благодарение на ангажираноста на локалните власти не останаа завеани, но повеќе населени места се без електрична енергија, рече за МИА, Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште. Снежната покривка е над 30 сантиметри., некаде е и повисока. Засега нема проблеми околу движењето по патиштата во нашата област. Но и доколку ...

Read More »

Во Сомбор одржана македонска образовна недела во рамки на српско-македонската културна размена

Во рамки на шестата Активна српско-македонска културна недела (СРМА) во Сомбор се одржа Македонска образовна недела во западнобачкиот округ за македонската историја, јазик, книжевност и музика, јави дописникот на МИА од Белград. Организатор на македонската образовна недела беше Здружението на Македонци од Западнобачкиот округ ПЕЛА, а беше финансиски поддржана како проект од страна на срското Министерство за човекови и малцинаски ...

Read More »

Во Пустец оддадена почит на првоборците Колефски и Ѓорѓиефски

По повод 29 ноември Денот на ослободувањето на Албанија, од наци-фашистичките окупатори, оддадена беше почит на паднатите борци од Пустец во Втората светска војна, Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиофски. На споменикот, кој се наоѓа пред зградата на локалната самоуправа, букети со свежо цвеќе положија градоначалникот Пали Колефски, лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, еден ...

Read More »

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упатија Македонска алијанса за европска инеграција

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упатија Македонска алијанса за европска инеграција. Во име на единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска инеграција, МАЕИ на сите граѓани на Албанија им го честитам 28-ми Ноември – Денот на независноста на Албанија! Честитит празник, напиша во објава на Фејсбук, Васил Стерјовски лидер на Македонска алијанса за ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви ги честита 28 ноември Денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација.Честити празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки по повод Националниот празник на Албанија

На денешен ден, на 28 ноември 1912 година, на големото народно собрание во Валона била прогласена независноста на Албанија од Отоманското Царство. СМК очекува продлабочување на македонско-албанската соработка, во интерес на двете држави, Македонија и Албанија и двата народа, Македонскиот народ и Албанскиот народ. СМК предлага македонско-албанско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, но ...

Read More »

Започна постапката за отворање лекторат по македонски јазик во Корча

Во рамки на програмските активности на македонската амбасада во Тирана, кои се однесуваат на културната и јавна дипломатија, во Корча беше реализирана работна средба меѓу деканите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Стилјан Ноли“ од Корча, информираа од амбасадата. Цел на состанокот беше воспоставување непосредна соработка меѓу двата факултета насочена ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2022 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Албанија, информираше за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото. Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за ...

Read More »

Сочувство од македонската амбасада во Тирана, знамето на половина копје

На објектот на македонската амбасада во Тирана, македонското знаме е поставено на половина копје, по одлуката на владата за тридневна жалост, поради сообраќајната несреќа, во која животот го загубија 46 македонски граѓани. Од амбасадата изразуваат длабоко и искрено сочувство до семејствата на настрадати и посака брзо закрепнување на поврдените. Голема тага и длабока болка за трагичната загуба на животи на ...

Read More »