Македонија

Муцунски на средба со Македонците од Албанија Владата и МНР активно ќе работат на унапредување и заштита на интересите на македонското малцинство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнаа со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата. На средбата стана збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе ...

Read More »

Јан Стојановски го освои првото злато за Македонија на Европската олимпијада по физика

Фото: ДФРМ Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на осмата Европска олимпијада по физика која се одржа во Кутаиси во Грузија од 15 до 19 јули. По сребрениот медал минатата минатата година, бронзата на Меѓународната олимпијада по физика во Токио и златниот медал на Балканската олимпијада по физика во 2022 година, Стојановски сега е меѓу  најдобрите физичари ...

Read More »

Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“

Под мотото „Превенција за заштита од топлотен удар“, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ спроведуваат превентивно-едукативна кампања на македонско-албанската граница. СВР Охрид денеска соопшти дека посебен тим полициски службеници на пешаците, патниците во возилата и автобусите, кои се наоѓаат на граничниот премин и чекаат за премин на државната граница, им делат вода за освежување и низ кратки разговори ...

Read More »

Премиерот Мицкоски во посета на CNN

Премиерот Мицкоски денеска беше во посета на една од најпознатите светски телевизии Си-ен-ен. Таму имаше средба со познатиот новинар Квест и потпретседателот Нелсон.

Read More »

Мицкоски на средба со Рама

,,Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Read More »

Мисајловски во Вашингтон потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

Мисајловски, Пелеши, Запријанов и Кросето го потпишавме Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Иницијативата на Италија, Македонија, Албанија и Бугарија ќе овозможи побрз проток на воени сили и опрема со што значително ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операциите во случај на потреба. Писмото за ...

Read More »

Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашинтон

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни ...

Read More »

Мицкоски: Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население секаде низ светот и во соседните земји, меѓу кои и Албанија

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски изјави дека за се’ што се случува со Бугарија виновна е Владата на СДСМ и ДУИ, која оставила празен простор за бугарската пропаганда. Прашан за коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците како бугарско малцинство, Мицкоски уверува дека Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население секаде низ ...

Read More »

Груевски: Во Албанија нема Бугари, Туку Македонци

Се огласи и екс премиерот Никола Груевски за пописот во Албанија, каде Македонци изнесува околу две илјади лица. „Деновиве излезе информацијата дека на пописот во Албанија околу 7.000 од Македонците се декларирале како Бугари, а само околу 2.200 се декларирале како Македонци, кои уште ги нарекле и северно Македонци. На сите претходни пописи по втората светска војна во Албанија немало ...

Read More »