Македонија

35 години независност на Македонија – објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл (ВИДЕО)

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. На 8 септември годинава одбележуваме 35 години од независноста. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ...

Read More »

Младите еколози од Македонија, Албанија и Грција и оваа година се собраа во Преспа (ФОТО)

Природата не познава граници, а нејзината заштита е можна само преку заедничка соработка и споделено знаење. Токму затоа младите еколози од Македонија, Албанија и Грција и оваа година се собраа во Преспа, каде во текот на пет дена учеа, истражуваа и разменуваа искуства за зачувување на еден од највредните езерски екосистеми на Балканот Под мотото „Традиционално знаење и современи еколошки ...

Read More »

Еколози од Македонија и Албанија ги здружија силите за заштита на планината Јабланица

Фото: Македонско еколошко друштво Учесници од Македонија и Албанија на планината Јабланица совладуваа методи за мониторинг на загрозени видови и природни живеалишта. Македонското еколошко друштво одржа тридневна прекугранична обука за мониторинг на природата на планината Јабланица, каде што 22 учесници од Македонија и Албанија ги учеа методите за заштита на тресетиштата, птиците, тритоните и вилинските коњчиња. Активноста е дел од ...

Read More »

Андоновски: Националниот дата-центар ќе ја обедини државната ИТ инфраструктура – помалку трошоци и повисока безбедност

Фото: Министерство за дигитална трансформација Андоновски посочи дека економската оправданост на проектот треба да се гледа во однос на трошоците што државата веќе ги има за одржување на повеќе од дваесет одделни системи. Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за ...

Read More »

Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Прекрасна енергија во Ново ...

Read More »

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Република Албанија, Мариглен Диша на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничкиот настап во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Република Македонија и Република Албанија 2021–2027. На средбата посебен акцент беше ставен на подготовката на заедничка проектна апликација за претстојниот ...

Read More »

Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) како завет

Во зимата 1943 година, еден мал партизански одред се криеше во планините над Крушево. Снегот беше длабок, а гладот постојан придружник. Но во тие услови, борците решија да отпечатат леток на македонски јазик – со рачно изрезбани букви на дрвена плоча и со мастило направено од саѓи и вода. Летокот гласеше: „Македонскиот народ се бори за својата слобода и своето ...

Read More »

Николоски-Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Фото: Министерство за транспорт Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно ...

Read More »

Македонија: Државниот архив објави историски фотографии и документи по повод Илинден (ФОТО)

По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците. „На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен ...

Read More »

Традиционална Семакедонска средба во потпелистерското село Трново

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, во потпелистерското село Трново ќе ја одржат 55-та по ред, Семакедонска средба. Според востановената традиција, на средбата ќе и претходи утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета ...

Read More »