Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Република Албанија, Илир Мета

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република  Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку ...

Read More »

Џафери – Мета: Билатералните односи меѓу Македонија и Албанија се на високо ниво

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Илир Мета, Претседател на Република Албанија, информираат собраниските служби. На средбата, двајцата соговорници истакнале дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија се на високо ниво и дека постои взаемен интерес и можност за унапредување на истите. Притоа, на средбата било констатирано дека двете држави ги врзува ...

Read More »

Мицкоски и Николоски на работна вечера со Илир Мета

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски на работна вечера со претседателот на Република Албанија Илир Мета. На работна вечера со нашиот пријател претседателот на Албанија, Илир Мета. За заедничките предизвици, градењето мостови и иднината која мораме да ја обезбедиме. Македонија мора да оди напред, со надеж за промени, за иднината на сите граѓани – објави лидерот ...

Read More »

Силен земјотрес во Лерин

Силен земјотрес во Грција на 4 километри од Лерин, Егејска Македонија е регистриран вечерва во 22.53 часот по средно-европско време. Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал силина од 5.5 степени. Најсилно во Ресен и во Битола. Земјотресот беше почувствуван и во Скопје. Засега нема подетални информации за штети и повредени.

Read More »

,,Божикна серенада“ Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки (ВИДЕО)

Видео записот за ,,Божикна серенада“ како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки, е завршен и Ви го предаваме со најголема љубов. Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности ...

Read More »

Православните христијани денеска го слават Бадник

Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик. Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови ...

Read More »

Божикно послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: Во секое разделено општество, христијаните треба да го понудат единството

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него1. Возљубени чеда ...

Read More »

Свети Наум Охридски исцелител и просветител на македонскиот народ

Свети Наум Охридски – Чудотворец му беше најблизок соработник на божествениот Свети Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија, најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години ...

Read More »

На границите меѓу Македонија, Албанија и Србија веќе ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции

Иницијативата Отворен Балкан стартуваше од денеска на границите меѓу Македонија, Албанија и Србија ги нема фитосанитарните и ветеринарските инспекции, затоа што трите земји ги усогласија лабораториските анализи за прехранбените производи. Помеѓу земјите потписнички на Договорот, Македонија, Албанија и Србија се разменети мониторинг планови за безбедност за храната и здравјето на животните.

Read More »

Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ

Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ со што и формално ги започна подготовките за претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација  во 2023 година, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тројката покрај Македонија ја сочинуваат сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска.Како што истакна Османи, еден од најважните приоритети ...

Read More »