Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, ...
Read More »Македонија
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда престојува во официјална посета на Македонија
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, европската интеграција на ...
Read More »147 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков
На 18 ноември во 1874година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал ...
Read More »Началникот на ГШ на ВС на Албанија во посета на ГШ на Армијата на Македонија
Началникот на ГШ на ВС на Република Албанија, генерал-мајор Бајрам Бегај како дел од неговата официјална посета на Република Македонија, денес оствари посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По пречекот со воени почести, генералот Бегај оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Генералите Ѓурчиновски и Бегај ...
Read More »Борел: Преговорите со Македонија и Албанија да почнат до крајот на годинава
Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, утрово се сретна со неговиот македонски колега, Бујар Османи. Борел на прес конференцијата денеска повтори дека почеток на преговорите со Скопје и Тирана се клучни за кредибилитетот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова било тема на разговор и помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ на редовниот состанок со кој претседаваше ...
Read More »Започна 12. Меѓународна школа за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов
Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, проф. д-р Ѓорге Иванов, информира дека синоќа (12.11.2021 година) започна 12-тата Меѓународна обука за млади лидери на Претседателот Иванов. Дванаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Лидерство во акција“, се одржува во периодот 12-27 ноември 2021 година во комбинирано издание, онлајн и со две сесии со присуство во живо, ...
Read More »Скратена постапката за добивање нов биометриски пасош за македонските државјани во Швајцарија
Со полн капацитет работи базната станица, воспоставена во Амбасадата на Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација, преку која над 400 наши државјани се стекнаа со нови биометриски патни исправи, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Според амбасадорот Кенан Рамадани, со скратената постапка од шест на еден месец, се решил најголемиот предизвик со кој се соочиле нашите државјани во Швајцарија и вработените ...
Read More »Јато фламинга на Охридското Езеро
Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско – албанската граница кај Свети Наум. Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро. Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење ...
Read More »Финишира процесот за целосна воена интеграција на Македонија во НАТО
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во Министерството за одбрана, ќе одржат средба со новинари за целосното воено интегрирање на Македонија во НАТО, процес кој ќе заврши со претстојното потпишување на Заедничката декларација за интеграција на Македонија во Алијансата, следната недела. Процесот на воена интеграција на Македонија во НАТО почна по потпишувањето ...
Read More »Словачкиот амбасадор во Македонија Хенрик Маркуш: Задоцнети се преговорите со Македонија и Албанија
Преговорите за членство со Македонија и Албанија се многу задоцнети. Сите се надеваме дека вистинската одлука ќе биде донесена до крајот на словенечкото претседателство со ЕУ и Словачка напорно работи за постигнување на оваа цел, изјави денеска словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш. Словачкиот амбасадор истакна дека е добро Македонија да остане на реформскиот пат и оти тоа испраќа добра ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden