Македонија

Православните верници го прославуваат големиот Христијански празник Богојавление Христово – Водици

Православните верници денеска го слават Богојавление – Водици, празник поврзан, според верувањата, со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан. Водици или Богојавление – денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија Орбан и со министер за надворешни работи Сијарто

Денеска (18 јануари, 2021 година) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто. На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу ...

Read More »

Новото лето Господово прославено со молитва и со изведба на каланди (ВИДЕО)

По благодатното евхаристиско тајноводство од страна на нашиот старец и владика, Епископот г. Партениј, на споменот на Обрезанието Господово и на Свети Василиј Велики, следуваше традиционалното прекршување на василопитата, во спомен на Свети Василиј Велики и чудото што тој го направил. Оваа година вистинска духовна наслада беше изведбата на повеќе возобновени божикни и новогодишни каланди од страна на составот „Чалгии ...

Read More »

Епископ Партениј за МИА: Eдинствено од кое треба да се плашиме се егоизмот, страстите во самите нас, себичноста, злорадоста, неблагодарноста, горделивоста

МИА: Се наоѓаме во период на празници. Годинава празнуваме во поинаква атмосфера во услови на пандемија. Наместо вообичаената радост на средби човек со човек, сè повеќе се чувствува страв од блискост и соочување, се плашиме еден од друг. Како да го разбереме тој страв човек од човек и дали е реален? Владика Партениј: „Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува ...

Read More »

Германија донираше возила и опрема во вредност од околу 660 илјади евра за Македонска полиција

Дваесет и две возила, техничка опрема за присилно запирање на возила, за напредна проверка на документи, термални камери, батериски лампи, светлички стопалки, чизми и флуоресценти елеци донираше денеска Германија за потребите на граничната полиција во Министерството за внатрешни работи. Возилата се во вредност од околу 370 илјади евра, а вредноста на техничката опрема изнесува 290 илјади евра. Вкупна вредност на ...

Read More »

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше и заменикот амбасадорот г.Пиотр Висоцки. На почетокот на средбата Александар Николоски, се заблагодари за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот на  Полска, при што информираше дека ова е негова прва средба како претседател на Националниот совет ...

Read More »

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на Св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година ...

Read More »

Изгласан новиот состав на ДИК, Александар Даштевски претседател

Александар Даштевски ќе управува со највисокото изборно тело. Собранието денеска го избра за претседател на Државната изборна комисија по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата го поддржа и Бобан Стојановски кој стана член на ДИК. Втора рака на Даштевски ќе биде досегашната потпретседалка на ДИК, Дитмире Шеху од ДУИ. СДСМ ги поддржа досегашните Борис Кондарко и Радица Ристеска, а нов член во ...

Read More »

Николоски избран за претседател на Националниот Совет за евроинтеграции

Собранието на Република Македонија ме избра за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија, објави преку својата Фејсбук страница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Браун

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски оствари средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун. Мицкоски му посака добредојде и успешна работа во Македонија, а двајцата се сложија дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува. ...

Read More »