Македонија

Меморандум на МПЦ-ОА, МАНУ и УКИМ: Македонски манифест

МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ преку меморандум упатија низа на барања до македонските надлежни институции за штитење на македонскиот идентитет и национални интереси при преговорите за евроинтеграции. Потписници на меморандумот насловен „Македонски манифест“ се претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Стефан, и ректорот на универзитетот „Свети Кирил и ...

Read More »

Кандидатурата на Македонија за претседавање со ОБСЕ на министерскиот состанок во Тирана

На годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ кој се одржува денеска и утре во Тирана треба да биде разгледана кандидатурата на Македонија за претседавање со организацијата во 2023 година. Кандидатурата е на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на ноември соопшти дека ...

Read More »

Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро

Министерите за земјоделство на Македонија и Албанија денеска во Струга потпишаа спогодба за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно унапредување на напорите за интеграција во ЕУ. Оваа спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји. „Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите ...

Read More »

Лингвистите од Институтот за македонски јазик: За да постои еден јазик не му е потребен Устав

Лингвистите упатија апел до преговарачите од македонската страна да не прифаќаат разговори за категории, како јазик, нација и историја, за кои не може да „се преговара“ и да ги чуваат македонските државни и национални вредности, како и идентитетските обележја. Имајќи ги предвид последните случувања поврзани со можното отворање преговори со ЕУ за членство и со барањата на Бугарија да не ...

Read More »

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 13 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.

Read More »

Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство

Претседателот на АА Зијадин Села верува во самоопределувањето на секој граѓанин и за тоа вели дека не треба да има дилема. Однесувањето на Бугарија за него е недозволиво во 21 век. Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу ...

Read More »

Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ: Негирањето на континуитетот на македонскиот јазик за нас е духовна смрт

Она што денес се случува на релација Скопје – Софија е веќе видено. Според Хегел, сите факти и ликови во светската историја се случуваат двапати. Но по зборовите на Маркс, тој заборави да додаде: Првиот пат како трагедија, вториот пат како фарса. Тоа што денес се случува е фарса. За апсурдноста и бесмисленоста на бугарските пишувања и негирања пишувале многумина, ...

Read More »

Трет повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Денеска беше презентиран третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На онлајн-настанот зборуваа амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија. Тие официјално го претставија третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Можностите за финансирање на проекти во рамките на овој повик ги ...

Read More »

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање

Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет, стои во дел од изјавата која денеска ја испрати Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва реакција откако Бугарија става вето на евроинтегративниот пат на Македонија. Во изјавата ...

Read More »