Македонија

Мијачки бајрак-беше белег на племето, сега е белег на родот

Мијаците како племе отсекогаш настојувале да ги задржат карактеристиките по кои ќе бидат препознатливи. Една од нив е и поседувањето на мијачкиот бајрак. Српскиот учен д-р Цвииќ запишал дека ниту едно друго население нема толку голема гордост и стремеж за самостојност како Мијаците. Мијакот отсекогаш се гордеел со своето име оригинално и самостојно, и со својот вроден интелект и мудрост ...

Read More »

Македонија: Катар донираше осум тони заштитна опрема 

На Скопскиот аеродром денеска пристигна донација од Катар за справување на земјава со Ковид-19. Донацијата ја пречекаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во улога на национален координатор на странска помош во земјава, во присуство на Хамад  Ал – Махмоод, вршител на должност амбасадор на Државата Катар во земјава. Вицепремиерот Османи во името на Владата и од името на граѓаните, ...

Read More »

Светски Македонски Конгрес со поддршка на Доналд Трамп за 46 Американски претседател

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатуваат искрена поддршка за избор на Доналд Трамп за 46. Американски претседател! Очекуваме: (1) крај на Студената војна, (2) попуштање на напнатоста во меѓународните односи и намалување на опасноста од војна помеѓу големите сили САД, Руската Федерација и Кина, (3) свет на суверени нации без корпоративниот ...

Read More »

Осветен прекрасниот параклис на Свети. Николај Чудотворец во Источниот Палат од манастирскиот комплекс на Бигорски манастир

Во овој празненствен период на Воскресението Христово, во Неделата на жената Самарјанка, на општа радост на Свештената Бигорска Обител и на присутните верници, од страна нашиот достојно почитуван владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, беше осветен прекрасниот параклис на Светиот отец наш Николај Чудотворец, кој се наоѓа во Источниот Палат од манастирскиот комплекс. При благодатниот чин на осветување на храмот и ...

Read More »

Македонија: Претседателот Пендаровски прогласи уште 14 дневна вонредна состојба (ВИДЕО)

Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски, одржана по завршување на состанокот на Советот за безбедност. „Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите. ...

Read More »

Која е крајната цел на бугарските екстреминстички барања која Македонците не можат да ја видат?

Во очекување на евентуален датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, официјална Софија не падна на „рурално -шармерската“ македонска дипломатија на Димитров и Заев и во тотално средновековен примитивен манир ја услови Македонија преку завршен извештај на Брисел дека доколку се надеваме на интеграција во ЕУ, Македонците главно мора да прифатат дека: Македонскиот јазик не постои Гоце ...

Read More »

Совет за македонски јазик: Изданието на БАН е најобичен памфлет со низок стил (ВИДЕО)

Најобичен памфлет со низок стил. Вака Советот за македонски јазик при Владата го коментира изданието на Бугарската академија на науките, во кое се негира посебноста на македонскиот јазик и се карактеризира како писмено регионална форма на бугарскиот. Во својата остра реакција велат – постоењето на македонскиот јазик одамна е апсолвирано прашање во светски рамки, а секој став што го негира ...

Read More »

Македонија: Традиционално се одржи струшка литија (Еордија)

Откако со својата благодатна посета го благослови и исполни со радост нашето монашко семејство, кое се собра во Рајчичката Обител да го прослави неговиот свет спомен, Св. Георгиј Победоносецот и годинава не ја лиши од својот благослов убавата Струга, осенувајќи ги древните струшки улици преку традиционалната Еордија – Литија со своите свети мошти и чудотворниот образ, како и со двостраната ...

Read More »

Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на Македонија (ВИДЕО)

Во Кабинетот на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, се одржа средба на претседателите на политичките партии кои самостојно освоија мандати на последните парламентарни избори, на која се дискутираше за одржувањето на предвремените избори. Со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет. Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките ...

Read More »

Медицинска помош од Турција за Македонија и Албанија

Турција продолжува да доставува помош во медицински материјали на земјите кои се погодени од новиот тип коронавирус (Ковид-19). По инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција со цел поддршка во борбата против Ковид-19 и испрати на Македонија 75 илјади хируршки маски, 10 илјади нитрилни ракавици, 10 илјади заштитни комбинезони, 2 илјади заштитни наочари, 2 илјади маски „N149“, а на Албанија ...

Read More »