Чавушоглу: Македонија заслужува членство во НАТО, спорот за името е вештачки проблем

Измислениот проблем со името не треба да е пречка за влез на Република Македонија во во НАТО, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавошуглу по средбата со својот македонски колега, Никола Димитров. Според турскиот министер за надворешни работи, Македонија е важна стратешка земја во регионот со што може да помогне во стабилноста на регионот..

Значајна е поддршката која ја добива Македонија од пријателска Турциј на патот за влез во НАТО и Европската унија, вели македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров. Двете држави и во иднина ќе продолжат со взаемната соработка а Македонија ќе остане на силната определба за придонес во стабилизациајта на регионот и одржување на соработката со сите партнери на државата, изјави Димитров..

Двајцата шефови на дипломатиите во Турција и Македонија, запрашани за надминувањето на проблемот со името како единствена пречка за евроатланските интеграции на државата, изјавија дека неопходно е да продолжи соработката меѓу двете соседни земји но и да се согледа правниот аспект на спорот. Инаку Чавушглу денеска одржа работна средба и со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во соопштението испратено од партијата се вели дека теми на разговорот биле взаемните односи меѓу двете земји и стратешките интереси на Македонија поврзани со евроатланските интеграции..

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека Турција е важен пријател на Република Македонија и поддржувач во аспирациите за членство во НАТО. Тој истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е зачленување во НАТО, како и членство во Европската Унија, како тоа дека Македонија е предолго надвор од процесите, и дека е потребен чекор кој ќе значи валоризирање и потврдување на се она што до сега е постигнато на тој план, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ, испратено по средбата на Груевски со Чавушоглу.

Претходно пак турскиот министер за надворешни одржа работна средба и со шефот на државата. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов се заблагодарил за цврстата и принципиелна  поддршка на Република Турција за употреба на уставното име на државата и интеграцијата на земјата во НАТО. По решението на политичката криза, време е да се создаде нов поттик за членство на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка, истакнал на средбата Претседателот Иванов.

Доцна попладнево, шефот на турската дипломатија се сретна и со премиерот Зоран Заев.. На средбата се разговарало за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка и интеграцијата на земјата во НАТО и Европската унија.

Advertisement