Честитка од Стерјовски до Јурим Ким новата американска амбасадорка во Тирана 

Лидерот на единсвената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, и пратеник од оваа партија во албанскот законодавен дом, Васил Стерјовски упати честитка до новата амбасадорка на САД во Тирана, Јурим Ким. „Ваша Екселенцијо, во име на единствената партија на Македонците во Албанија

Македонска алијанса за европски интеграции и од мое име, како пратеник во Собранието на Република Албанија, ви упатуваме искрени честитки за именувањето за амбасадор на Соединетите американски држави во Република Албанија,стои во честитката. Со искрените честитки испреплетени се и желбите за успех во одговорната дипломатска мисија на Ким.

„Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, чиј претседател сум јас, го поддржува продлабочувањето на евроатлантските интеграции на Албанија во соработка со нашите стратешки партнери САД и Европската унија, како и унапредувањето на правата на македонското малцинство и другите малцинства во Република Албанија“, се наведува во честитката. Ние,се додава, го поддржуваме унапредувањето на соработката помеѓу Република Албанија и Соединетите Американски Држави за сите прашања од заеднички интерес.

Уште еднаш ви посакуваме успех во вашата работа. Отворени сме за соработка на секое поле,се нагласува во честитката на МАЕИ и партскиот лидер и пратеник Васил Стерјовски.

Advertisement