Делегацијата на МАЕИ на средбите со премиерот, претседателот и министерот за внатрешни работи на Македонија, побара подршка за Македонците во Албанија

Делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) денеска оствари средби со премиерот Оливер Спасовски, претседателот Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

На средбите разговаравме за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во областите каде што живее македонската заедница во Албанија но и за економската криза со кои се соочуваат Македонците во Албанија посебно во областите на Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Поволно е што во деловите на Мала Преспа, Голо Брдо и Гора за време со пандемијата на Ковид-19, нема ниту еден случај заразен со коронавирус.

Затворањето на границите со Македонија најмногу економски ги погоди Македонците кои живеат во делот на Мала Преспа и Голо Брдо. Добар дел од Македонците кои живеат во областите на Мала Преспа и Голо Брдо претежно работат сезонски работи во пограничните региони на Македонија. Со цел да се помогни на Македонците во делот на Мала Преспа и Голо Брдо, побаравме од државниот врв на Македонија во соработка со Албанија да се договорат за што побрзо отварање на граничниот премин Стење-Горица во делот на Мала Преспа и Џепиште-Требиште во делот на Голо Брдо.

Разгледани се можности како Република Македонија би можела да им помогне на социјално загрозените семејства во Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, во справувањето со последиците од пандемијата. Исто така, државниот врв на Македонија го информиравме за тековните активности на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) во Албанија во насока на унапредување на положбата на Македонците во Албанија, како и односите меѓу двете земји.

Средба со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски

Средба со премиерот на Република Македонија, Оливер Спасовски

Средба со министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев

Advertisement