Демократската партија ги повлече техничките министри од Владата

 

Шест технички министри и вицепремиерката, назначени од Демократската партија на Албанија, по договорот Рама – Баша како гаранција за фер избори кои беа одржани на 25 јуни, денеска ги депонираа оставките кај премиерот Еди Рама. Тоа претставува и крај на заедничкото владеење меѓу власта и опозицијата по договорот ноќта на 18 мај.

Оставките и писмените образложенија на техничките министри од Демократската партија предизвикаа реакција од албанскиот премиер Еди Рама кој им се заблагодари за стореното или за тоа што не успеале да го сработат за време на мандатот, но им забележа дека псимените извештаи за работењето кои ги подготвиле се чисто политички и наполно партиско пристрасни.

Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вели дека извештаите на техничките министри се аргумент за изборната кражба бидејќи тие биле саботирани, без средства за функционирање и без можност да ги санкционираат потчинетите кои не ги слушале нивните наредби.