Десет години “Преспа Бенд” ја негуваат македонската музика во Албанија (ВИДЕО)

 

“Преспа Бенд” од Пустец, Мала Преспа има нова песна станува збор за свадбарска песна во која се кажува за тамошните свадбени веселби, а носи наслов “Татко, ќерка дарува”. Бендот постои 10 години во музичките води, но ова им е прва нивна песна.

Сега излезе прилика да ја снимиме оваа песна со оглед на периодот од свадби кој е актуелен. Таму многу не почитуваат луѓето , таму ги свириме претежно сите свадби. Токму таа беше замислата , да снимиме една песна свадбарска, вели Владимир Насто од “Преспа Бенд”

Мала Преспа има вкупно 9 села со исклучиво македонско население кое особено ја негува македонската музика. “Преспа Бендот” особено е за голема пофалба со оглед на тоа што долги години ја промовира македонската музика во овој дел од Албанија.

Ние сме македонци, претежно се свири македонската музика по свадби. Ќе дојде прилика некогаш и да бидете дел од една таква свадба , како се прават традиционално, додава Владо. Најбарани се за големите свадбени веселби, а се надеваат дека ќе бидат барани и пред поширокиот аудиториум.

 

https://www.youtube.com/watch?v=tXTUYKPA5dI&feature=share

Advertisement