Донација од 20 неинвазивни вентилатори за Општата болница „Борка Талески“-Прилеп

Општата болница „Борка Талески“-Прилеп ја промовираше донацијата од 20 неинвазивни вентилатори, кои ќе значат многу не само во секојдневните битки на пациентите заразени со коронавирусот, туку ќе бидат од големо значење за болницата и после завршувањето на пандемијата.
Сшпред промоторите, станува збор за донација од Швајцарија. Имено, г-динот Седрик Пахуд, сопственик на компанијата BCD Micro Technique S.A., која ги произведува овие апарати, како и Дејан Аџиоски, македонски иселеник кој живее и работи во Швајцарија ги подарија овие значајни апарати за прилепската болница.
Во моментите кога бројот на заболени од коронавирус во Прилеп е сеуште голем, овие вентилатори најмногу ќе им користат на пациентите со потешка клиничка слика, односно на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. Покрај за потребите на Инфективното одделение, вентилаторите ќе бидат од голема помош и за Одделението за анестезиологија, Одделението за интензивна нега и во Интерното одделение, во операционите сали и секаде онаму каде има потреба од механичка вентилација.
Во оваа прилика, на г-нот Пахуд и на г-нот Аџиоски им беше искажана благодарноста на вработените во Општата болница како и на жителитена градот Прилеп, за нивната хуманост и донацијата чија вредност изнесува 200.000 швајцарски франци.
Advertisement