Донација од Владата на Словенија во вредност од 110 илјади евра во заштитна опрема наменета за полициските службеници во Македонија (ВИДЕО)

Денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје министерот Чулев ја прими донацијата од Владата на Словенија за Министерството за внатрешни работи на Македонија што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

,,Имајќи го во предвид моментот во која таа доаѓаистата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,,-  истакна министерот Чулев.

Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна амбасадорот на Република Словенија Д-р Милан Јазбец.

Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме, додаде Чулев.