Егејска Македонија: Кукуш 35 земјотреси за 24 часа

 

По вчерашните земјотреси со интензитет од 4 и 4.7 степени според Рихтеровата скала, чии епицентри беа во реонот на Егејска Македонија град Кукуш и беа почувствувани и во Македонија, потресите не запреа. Според професорот по геологија и претседател на грчката организација за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, во изминатите 24 часа во поширокиот регион на Кукуш во Егејска Мкаедонија биле регистрирани над 35 земјотреси со мала јачина. Поминаа над 24 часа. Во тек е сеизмичка низа од околу 35 земјотреси со мала јачина, но жителите ги чувствуваат. Земјотресите се во истиот регион, источно од Дојран, изјави Лекас за грчкото радио, додавајќи дека е позитивно тоа што сите земјотресите се со интензитет од под 5 степени, со што нема никакви последици по луѓето или објектите.

Advertisement