Фатри Фетаху преставник на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо освари средба со претседателот на хуманитарна невладина организација  “Здружени Срца”-Прилеп

Претставникот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху на 20.09.2018 година во Прилеп Република Македонија, оствари средба со Роберт Тодороски претседателот на хуманитарна невладина организација “Здружени Срца” со седиште во Прилеп. На работната средба Фатри Фетаху претставник на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо го информираше Роберт Тодороски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Воедно беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнал за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Со надеж дека Роберт Тодороски сесредно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија Фатри Фетаху преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо топло му се заблагодарува за срдечната средба.

Advertisement