Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Дипломираниот економист, Фатри Фетаху е новиот претседател на огранокот за Голо Брдо на македонското друштво “Илинден“-Тирана, со мандат од четири години, 2021 – 2025 година.

Одлука за тоа донесе претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно неговите надлежности како прв човек на друштвото.

Фетаху е член на друштвото е од 2015 година, од кога активно учествува во сите настани на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до сега беше потпретседател на огранок а во исто време се јавува и како дописник на македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Дваесет и петгодишниот Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, каде што е со постојано место на живеење. Како македонски стипендист дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп.

За потпретседател на огранокот е наименуван Или Халилај, исто така од Требиште, член на друштвото е од 2015 година и голем активист на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. За неговата активност во друштвото и надвор од него, а во полза на македонската кауза во Албанија, во 2011 година му беше доделено признанието благодарница “Илинден“, рече Ѓурѓај.

Посочува дека огранок за Голо Брдо ќе продолжи со зацртаните активности во интрес на Македонците од оваа област.

Претседателството и членовите на огранокот за областа Голо Брдо ќе продолжат да работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа, посочува тој.

Областа Голо Брдо, на албанско-македонската граница, во близина на Дебар ја сочинуваат 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци а останатите четири се со мешано население, Македонци и Албанци.

Advertisement