Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) го поздравува предлог-законот за малциствата во Албанија

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) го поздравува новиот закон за малциствата кој ќе го зајакне статусот и правата на малцинствата во Република Албанија. Од Албанија се очекува да го усвои новиот закон со кој на малцинствата им се даваат повеќе права во согласност со најдобрите меѓународни стандарди во средината на октомври.

Предлог-законот беше претставен како заеднички документ на четири министерства откако една работна група работеше на неа речиси три години. Документот, исто така, го следи барањето на Европската комисија, во време кога еден од петте критериуми што Албанија треба да ги исполни за да ги започне разговорите за пристап во ЕУ е “почитување на човековите права и заштита на малцинствата”. Со новиот нацрт-закон се признава постоење на осум национални малцинства: Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци. Фактот што во овој закон е дадена реалната слика за малцинствата во Албанија.

За првпат предлог-законот ги утврдува правата на малцинствата за официјално користење на нивниот јазик во локалните власти, доколку тие сочинуваат 20 проценти од локалното население и постои вистинска потреба за тоа. Новиот закон, исто така, им овозможува на осумте малцинства да ги именуваат патиштата и административните места на нивните јазици, заедно со албанските имиња, кога малцинството сочинува над 20 проценти од локалното население. Нацртот, исто така, ја обврзува владата да додели дополнително финансирање за поддршка на малцинствата и да создаде официјални комитети за национални малцинства.

Организација членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), Македонското друштво “Илинден”-Тирана го поздравува потегот и нагласува дека Албанија полека почнува да покажува реална слика за малцинствата во Албанија – соти во соопштенето на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Advertisement