Германија ја симна Македонија од листата ризични земји за ширење на корона вирусот

Македонија веќе не е земја во ризик за Германија, според новата листа која ја објави Институтот Роберт Кох. Новите правила ќе важат од утре. Бројот на активни болни од ковид-19 во земјава секојдневно паѓа, а според последната статистика од Институтот за јавно здравје, изнесува 425.

Освен Македонија, поради намалувањето на бројот на новозаболени, од листата се тргнати и Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Германскиот институт, исто така отстрани повеќе земји како: Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар. Велика Британија сѐ уште е на листата.

Лицата кои пристигнуваат во Германија со авион, мора да приложат или негативен ковид тест, или сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид.

Advertisement