Германија подготви „Маршалов план“ за Западен Балкан

Германија подготви мини „Маршалов план“ за Западниот Балкан за развој на економиите во регионот, за да се надомести долгото чекање на полноправно членство во Европската унија. За овој предлог набрзо треба да се решава во Брисел, а средствата за негова реализација треба да ги одобрат Европската економска зона и Европската асоцијација за слободна трговија.

За Германија Западниот Балкан има и големо безбедносно значење, се истакнува во текстот на Вечерње новости. Шансата да се направи нешто поконкретно ќе се добие веќе следниот месец, кога во Трст се одржува редовниот годишен самит за Западниот Балкан.

Advertisement