
Германија е против одвојување на Скопје и Тирана и покрај барањата на албанскиот премиер Еди Рама неговата земја сама да продолжи во процесот на пристапување поради блокадата на Македонија.
Амбасадорката на Германија во Македонија Анке Холштајн е децидна дека и двете кандидатки до крајот на годинава треба да ги почнат преговорите.
Актуелната ситуација со Украина покажа дека политиката на проширувањето е клучна за безбедноста на европскиот континент, порача амбасадорката. Но таа е децидна дека има граници за тоа што може да влезе во преговарачката рамка. Вметнување на билатералните прашања би било преседан, кој би имал последици врз натамошните проширувања.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во Луксембург од своите европски колеги побара целата ЕУ да остане доследна и веднаш да даде зелено светло за првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden