Германската амбасадорка во државава Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница Борка Талески Прилеп, и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Македонија при справување со пандемијата од Ковид 19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.
Оттаму информираат дека македонските здравствени установи ќе ги искористат донираните средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.
Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развор од Штип, НВО Центар за рурален развој Бујрум од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при имплементација на овие проекти, a во корист на општина Штип, општина Куманово, општина Гостивар и општина Прилеп, стои во соопштението.
Германската амбасада додава дека финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
